post

6 Видови на моќ кои може да ги поседуваат лидерите

Лидерот со своите: способности, углед, авторитет, популарност, може многу да постигне кај вработените, но мора во одредени случаи да поседува и користи моќ, за да биде во состојба да ги реализира задачите.

моќ и  вработени

Моќ се дефинира и како засилено влијание врз вработените. Да се има моќ, значи да се биде во можност да се смени односот и ставот на другите индивидуи. Постојат неколку извори на моќ,  кои лидерот или менаџерот може да ги користи.

1. Формална моќ

Формална власт е еден вид моќ, со која се влијае врз група на работници, во случај лидерот да е популарен. Оваа моќ, се базира на признавање на легитимитетот и законитоста за засилено влијание. Лидерот кој се обидува да го зголеми влијанието, тоа може да го прави во препознатливи граници. Ова нивно право, произлегува од нивната формална позиција во организацијата.

Прашањето: Кој ти дава право да ми наредуваш?, тешко дека ќе му биде поставено на менаџерот, бидејќи владее убедувањето дека менаџерите имаат право да даваат инструкции и наредби. Зошто е тоа така и од каде менаџерите добиваат право да им поставуваат задачи на вработените?

Постојат две видувања за потеклото на формалната власт во организацијата: класичниот и прифатливиот поглед.

Класичниот поглед покажува дека власта потекнува од некое високо ниво во општеството и потоа е законски проследена од ниво на ниво. Во класичниот поглед на формалната власт, менаџерот има право да дава наредби, а подредените имаат обврска да ги извршуваат. Тој го означува начинот на кој индивидуите би требало да се однесуваат и тоа дека непочитувањето на законските и легитимните наредби на менаџерите е неправилно и погрешно. Дека сите се подготвени за извршување на одредени законски наредби, ни покажува примерот со прифаќање на знаците за забрането пушење.

Прифаќањето на овие видови формална власт е легитимно и широко прифатено и покрај тоа што посебни награди или казни не се предвидени за нивното почитување или непочитување. Класичниот поглед не го содржи во себе фактот дека некои закони се почитуваат, а некои не и тоа не поради неприфаќање на власта, туку од навика или од страв.

Прифатливиот поглед ги наоѓа основите на власта повеќе во влијанието, отколку во тој што влијае. Овој поглед почнува со забележувањето дека, не се почитуваат сите легитимни закони или наредби во сите случаи. Некои се прифаќаат од подредените, а некои не. Клучно е тоа дека вработениот, кон кого се насочени наредбите, одлучува дали ќе ги почитува или не. Пример, ако лидерот почне да вика на работниците да работат повеќе, тие можеби нема да го постават прашањето дали тој има право на тоа, но преку гнев и индиферентност, можеби нема да ја извршат наредбата како што треба.

2. Наградна моќ

Наградната моќ, се темели на личноста која може да награди друга личност, поради извршување на наредбите. Пример е моќта на лидерот да доделува награди на подредените. Наградите се најдобро средсто за повторно засилување на акциите на подредените, а не треба да биде поткупување за извршување на задачите.

3. Принудна моќ

Принудната моќ, се темели врз можноста на лидерот да го казни лицето поради неизвршување на задачите, што е спротивно на наградната моќ. Казнувањето може да варира, од губење на мали привилегии до губење на работа.

4. Легитимна моќ

Легитимната моќ е слична и одговара на терминот власт. Постои кога, подредените прифаќаат дека лидерот има право и законски е овластен да го зголеми влијанието до одредени граници. Исто така, подредените имаат обврска да ја прифатат оваа моќ. Правото на менаџерите да воспоставуваат одредено работно време е пример за легитимна моќ. Обичниот чувар може да има ваква моќ, да бара дури и претседателот на компанијата да се идентификува пред влегување во просториите.

5. Стручна моќ

Стручната моќ, се темели на верувањето дека менаџерот има одредени квалификации или специјално знаење, коишто подредениот ги нема. Оваа моќ, вообичаено е насочена кон специфични ограничени области, во кои лидерите се специјалисти. Може да се прифати рекламен совет од специјалистот за маркетинг, но може да се отфрли неговата препорака за тоа како да се намалат производствените трошоци (бидејќи за тоа не е стручен).

6. Референтна моќ

Референтната моќ, се засновува врз желбата на лицето да се идентификува со менаџерот или лидерот и да го имитира. Популарниот лидер ќе има повеќе референтна моќ, ако подредените ги имитираат неговите работни навики. Јачината на референтната моќ е директно поврзана со факторите како што се: количеството на популарноста и почитувањето кое го има кај вработените.

Ова се потенцијалните извори на моќта. Тоа се начините на кои лидерот може да влијае врз вработените. Поседувањето на еден или на сите овие извори, не ја гарантира можноста да се влијае врз одредени индивидуи. Секој од овие извори на моќ е потенцијално присутен кај лидерот.

Одреден степен на законска моќ секогаш ја придружува работата на менаџерот и ги обликува хиерархииските односи, кои се јавуваат во компанијата. Подредените се должни да ја прифатат формалната власт на менаџерот и вообичаено, ќе ги извршуваат неговите задачи. Менаџерите обично имаат моќ да ги наградат подредените со пари, привилегии и слично или да ги казнат со недавањето на овие награди. Потребно е да се констатира дека и работниците имаат моќ и тоа голема, бидејќи од нив зависи реализирањето на севкупниот процес. Тие се во можност да го блокираат реализирањето или да го саботираат, доколку не се соодветно мотивирани. Во секое работење постојат критични точки, а бидејќи работниците се вклучени во тој процес, тие ги знаат сите слабости на системот, па можат да ги злоупотребат. Врвното раководство, може и да не биде свесно за постоењето на тие слабости во работењето.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*