post

Започнете со брзи неуспеси наместо да планирате за започнувањето

Тезата дека ни треба добар, односно “перфектен” бизнис план за да започнеме успешен бизнис веќе не држи.

Зошто?

Одговорот е едноставен! Живееме во едно навистина експоненцијално време. Работите со одвиват со огромна брзина. Времето не стои. Технолошкиот развој не се следи со голо око.

Од друга страна потребите и проблемите на купувачите не се менуваат веќе на годишно, ниту пак на месечно ниво, туку слободно може да се каже на дневно ниво.

Знаејќи дека бизнис идеите и нивната имплементација се базира на тие проблеми и потреби на потенцијални купувачи, не можеме веќе да сметаме дека имаме време за од неколку месеци за квалитетно планирање на имплементацијата.

Немаме време за сложени маркетинг истражувања каде ќе ги анализираме тие потреби и проблеми, бидејќи додека да ја добиеме анализата во прифатлива форма, тие може веќе да бидат променети.

Немаме пари, ниту ресурси, ниту пак време за фрлање на проекти кои нема да дадат задоволителен повраток на инвестиција.

Па, што ни останува? Дали оваа експоненцијално време ја отежнува задачата на претприемачите?

Може да се каже и да, но и не. За некои кои ќе продолжат да размислуваат на традиционален начин, ќе претставува вистинско отежнување на работите и единствен пат кој води до целосен неуспех. Повторувам, целосен неуспех.

Од друга страна, оние кои ќе се прилагодат и ќе започнат со цел брзо да преживеат еден, два или три неуспеси, за потоа да стигнат до целосен успех ќе претставуваат претприемачи на иднината. На овој принцип се базира и Lean Startup каде со помош на производ или услуга во кој ќе се вложат минимални напори се тестираат хипотезите и се прилагодуваат стратегиите како и самиот производ како би се доближиле до вистинските потреби и проблеми на купувачите. На овој принцип се базира и теоријата на бизнис идеи за која пишувавме повеќе пати оваа година.

Едно нешто треба да ни биде јасно, експоненцијалното време во кое живееме не дозволува да губиме време. Секоја секунда е драгоцена, и мора да ја искористиме.

Затоа започнете со брза имплементација и претворете ги брзите неуспеси, во вистински голем успех, наместо да губите време на планирање на започнувањето. Само вака ќе бидете сигурни дека нешто ќе успее или нема да успее.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*