post

Збогум Google Reader!

Да, време е да му кажеме збогум на најкористениот читач на интернетот – Google Reader, кој од денес веќе нема да постои.

Дали создаде промена во индустријата. Да, создаде огромни промени. Го смени начинот на кој ја консумираме содржината, влијаеше на нашата продуктивност и што е најважно беше бесплатен.

Но, сега е време за промени. Сега е време за нешто уште подобро бидејќи и онака во последен период не забележавме некои иновации во поглед на овој производ од страна на Google.

Збогум Google Reader!

Од друга страна примерот со Google Reader докажа и покажа што се случува со бесплатните алатки и сервиси и целосно базирање на истите. Но, тоа е сосема друга тема, важно е дека сега можеме да очекуваме уште поголеми иновации кога станува збор за RSS ридери, особено што и малите иновативни компании сега ќе можат да се вклучат без страв за преживување заради големиот Google Reader.

Дали ќе жалам за Google Reader? Веројатно не бидејќи веќе неколку години не сум пристапил до производот преку веб затоа што едноставно на сите уреди ја користев Reeder апликацијата преку која ги менаџирав сите RSS фидови кои што ги следев (мислам на додавање, бришење, групирање). Дека Google Reader најмногу се користи преку други апликации го знае и Google што е и една од причините за прекинување на сервисот.

Па, кои алтернативи ни стојат на располагање?

За оваа прашање сеуште не можам со сигурност да кажам што ќе изберам, бидејќи сеуште не сум се одлучил. Главниот проблем за мојата неодлучност е тоа што се мислам помеѓу платен и бесплатен сервис, а од друга страна некако девелоперот на Reeder иако изврши промени со интеграција на неколку сервиси кои ќе го заменат Google Reader, сеуште не ги има поставено сите опции. Па затоа ќе причекам уште малку, бидејќи нема да изгубам ништо направив бекап и ги симнав податоците од Reader и сега слободно може да оди во заслужена пензија. Можеби е чудно што сум премногу врзан за апликациите кои ги користам, сепак има некои функционалности кои ги нема во останатите кои сум ги пробал или пак кои постојат а сеуште не сум ги пробал.

Како дополнителна сигурност моите организирани фидови од Google Reader ги додадов и во едно привремено решение, а тоа е Feedly кој се чини дека сега засега претставува солидна замена, особено поради фактот што е бесплатен. Feedly е супер заради интеграцијата на Feedly со Reeder апликацијата чекам за конечна одлука.

feedly

На крајот на краиштата, доколку не успеам да сочекам да се заврши со развојот на апликацијата која си ја користам ќе се префрлам на Mr. Reader кој е најблиску до онаа што го користам, но единствениот проблем ми е што се однесува само за iPad, а не и за iPhone и Desktop.

Инаку некои други опции кои ги разгледувам и кои во однос на синхронизација со Reeder функционираат се и следниве:

  • Fever кој чини 30$ еднократна лиценца се додека не излезе главна нова верзија.
  • Feedbin кој чини 3$ месечно.
  • Feed Wrangler кој чини 19$ месечно.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Predrag Stojkovski says:

    Digg reader јас почнав да го користам пред два дена – едноставен за користење – кој си ги сочувал линковите од Google reader може да ги внеси. Од визуелен аспект тука се со Feedly сепак се е работа на вкус.

    • Го пробав Предраг и доста е сличен со Google Reader, но сепак мојот проблем е Reeder App и функционалностите кои ги имам и користам. Особено кога станува збор за мојата лична продуктивност станувам фанатик и еден чекор + со времетраење од неколку секунди значи влошување на тековните постигнувања во подобрување на мојата продуктивност. Затоа и ќе чекам овие денеови да видам кога Apple ќе ја одобри апликацијата (бидејќи веќе е доставена нова верзија) да видам како функционира со Feedly бидејќи синхронизацијата ќе се одвива преку Feedly.

Speak Your Mind

*