post

Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?

Зошто повеќето мали бизниси остануваат мали или едноставно исчезнуваат?

Прашањето е навистина сложено! Не затоа што на истото содржи сложен одговор туку затоа што едноставно не сме научени да размислуваме поинаку.

Одговорот би го потенцирал како не согледување на бизнисот како еден поширок и покомплексен концепт од една можност или едно работно место.

Ќе се обидам одговорот да го дадам преку објаснување на овие поими кои се значајни при градење на успешен бизнис.

Mожност

Да започнеме со нешто што во бизнис учебниците и оние за претприемништво секогаш се нагласува, а тоа е можноста.

Сигурно досега повеќе пати сте слушнале или прочитале од учебниците дека за да станете претприемач мора првин да препознаете можност на пазарот која се карактеризира со некоја потреба или некој проблем. И тоа е точно, факт.

Но, забораваме да кажеме дека можноста е само еден настан кој има свој почеток и свој крај. Крајот може да биде за неколку месеци или неколку години што зависи од видот на бизнисот, индустријата и пазарот за кои се однесува можноста.

Една можност не гарантира континуирана успешност и раст на бизнисот токму затоа што таа претставува настан нешто што се случува, искористува и по одреден временски период завршува (исчезнува).

За да изградите успешен бизнис, бизнис кој постојано ќе расте и ќе се развива ќе ви треба континуирана серија од разни можности. Тие само по себе ниту се доволни ниту се гарант за комплетен успех. Можностите не гарантираат дека ќе имате постојан приход.

Во над 95% од случаи бизнисите пропаѓаат заради врзување на само една и единствена можност.

Работно место

Сега да се префрлиме на еден сосема друг концепт – работно место. Го користам работното место само како нешто што ќе даде споредбено согледување на онаа на што одговараме, но и заради фактот што во многу случаи претприемачите го дизајнираат бизнисот како ништо повеќе од едно обично работно место.

Што претставува работно место? Наједноставно кажано работно емсто е место каде што одите работите 6, 8 или 10 часа секој ден, слободни сте за викенд и празници и за тоа секој месец добивате компензација во вид на плата.

Иако со помош на работно место имате постојан приход, сепак тоа не е нешто што ќе ви обезбеди и да си дозволите се што ќе посакате. Доколку сакате повеќе и поголема плата ќе работите и повеќе (што пак во некои случаи нема да бидете платени за прекувремена работа).

Во над 95% од случаи бизнисите не успеваат затоа што се дизајнирани како едно обично работно место во кое претприемачот секој ден ќе оди, ќе работи за да заработи.

Бизнис

Сега сме на нешто сосема поинакво од претходните два концепти – кај бизнисите. Бизнисите се нешто сосема поразлично од претходните. Нешто што ги комбинира и двете, но бара и многу други елементи за да се изгради нешто што постојано ќе се развива, ќе расте и ќе обезбедува благосостојба за претприемачот.

Бизнисот бара системи, функционални компоненти кои ќе фунцкионираат взаемно за исполнување на јасно зацртаната цел која обезбедува раст и развој. Бизнисот не бара работници, бара системи. А, системите се дизајнираат уште во самиот старт, односно креирање на бизнисот.

Стратешки дизајниран бизнис постојано креира можности кои ги искористува. Стратешки дизајниран бизнис не бара од вас како еден претприемач да бидете 24 часа со него. Да бара инвестиција на време, знаење и експертиза и искуство на почетокот кога се дизајнираат основните функционални компоненти и системи кои ќе го поддржуваат растот и развојот во иднина, но кога ќе се дизајнира онака како што треба се останато е многу полесно.

Проблемот со над 95% од бизниси кои не успеваат е затоа што тие не се дизајнирани како бизниси, туку се потпираат или на можноста со која е започнат или пак на фокусот да се обезбеди и одржи во живот едно работно место. Бизнис планот иако ја трансферира можноста и идејата во потенцијален бизнис сепак не содржи конкретни елементи и чекори за вистински дизајн на бизнисот.

Токму затоа на премиум претприемач 1.0 и особено 2.0 главен акцент е ставен стратешки дизајн на бизнисот со сите функционални компоненти кои ќе ја гарантираат успешноста.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ljuben Boskovski says:

    Dobar den,
    Dali ke sakate da ja razgledate mojata inicijativa na biznis plan i da mi ukazete na greskite sto mi se napraveni. Mojata biznis ideja e proizvodstvo i prerabotka na zelencuk i ovosje bez upotreba na kozervansi i hemiski sredstva vo procesot na proizvodstvoto.
    Prijaten den,
    Ljuben Boskovski

    • Здраво Љубен, би сакал да да ја разгледам вашата иницијатива за бизнис план, но во овој период не можам да ви детам дека мојот одговор би бил брз особено поради преголема зафатеност во следниот период. Сепак еден преглед на планот за да ви дадам квалитетен одговор ќе бара повеќе време од моја страна.

Speak Your Mind

*