post

Фаза зрелост од животниот циклус на производите

Животни циклуси на производи

Животни циклуси на производи

Стигнавме до фазата зрелост од животниот циклус на производите. Досега го поминавме развојот на новиот производ и секако го воведовме на пазарот со отпочнување на официјалната продажба. Тој производ влезе во фазата на раст и сега веќе доаѓа во една фаза наречена зрелост. Оваа фаза од животниот циклус на производи е најдолгата по времетраење фаза во која растот се намалува а продажбата се стабилизира на одредено ниво.

Производ во една ваква фаза претставува крава за молзење од BCG матрицата. Тоа значи дека веќе растот на пазарот е на ниско ниво, но учеството на тој производ е огромно па затоа и најголемиот прилив на готовина за бизнисот доаѓа токму од тој производ. Од друга страна профитната маржа полека но сигурно опаѓа.

Причина за опаѓање на профитната маржа

Постојат повеќе причини за опаѓање на профитната маржа, но најлогичните и најочигледните се следниве:

  • Зголемување на конкуренција
  • Зголемување на трошоци за истражување и развој како одговор на зголемена конкуренција
  • Намалување на маржата за да се остане конкурентен
  • Производот веќе не е нов и последен збор на техниката

Стратегии за задржување на позициите

Секој бизнис се обидува да ја пролонгира оваа фаза колку што може повеќе особено поради фактот што во една ваква фаза тој производ претставува најголем извор на финансии за бизнисот и затоа што по првичниот налет на конкуренцијата и намалување на профитната маржа тој пазар веќе не е интересн за нови конкуренти.

Како стратегии може да секористат:

  • Стратегија за проширување на пазарот. Со оваа стратегија се прави обид да се навлезе со тој производ на друг пазар, да се зголеми маркетингот за да се зголеми продажбата, промоција на почесто користење на производот од страна на тековните купувачи (особено за производи кои треба да се менуваат по одреден временски период на користење), развој на дополнителни можности за користење на тој производ кај тековните купувачи…
  • Одбрамбени стратегии. Ова се веќе стратегии кои треба да спречат влез на нови конкуренти или пак да го спречат растот на постоечките конкуренти.
  • Стратегија на подобрување на производот. Ова е стратегија која има за цел да внесе нов живот во производ кој старее.

Колку подолго време производот остане во оваа фаза толку подобро за бизнисот бидејќи едноставно ќе обезбеди време и пари за финансирање на нови производи.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*