post

10 Прашања пред одлука за купување

На крајот резултатот на секој бизнис се мери во реализирани продажби кои допринесуваат да се обезбеди приход, кој пак носи профит/загуба.

Не постои бизнис, ниту претприемач кој не сака повеќе купувачи да донесат позитивна одлука кога одлучуваат дали да го купат вашиот производ или услуга. Поголем процент на позитивни одговори, повеќе купувачи, поголем приход и нормално поголем профит.

Но, за да се успее потребно е знаење на повеќе од една научна дисциплина. Не е само економијата која вашето однесување го наведува на принципот на понуда и побарувачка. Не е само кибернетиката која ви обезбедува систематичен пристап. Не е само, психологијата која навлегува во мозокот на потенцијалниот купувач. Не е само претприемништвото кое ве учи за испорака на вредноста на купувачот. Не е само…

Но, сите заедно даваат една солидно исцртана патека, и тоа не било каква патека, туку патека која води кон тоа посакувано да.

Вашите купувачи се интелигентни, не смеете да го заборавите тоа и да ги потцените. Историјата ги научила да бидат претпазливи, да поставуваат прашања и бараат одговори дури и во секунди. Тие неколку секунди при поставување на тие прашања и одговорите ќе бидат клучни за одлуката.

Некои имаат потенцијал да одговорат на неколку десетици прашања, а некои на помалку. Прашањата може да бидат од едно до повеќе десетици, а можеби и стотици во зависност од пазарот и индустријата во која се наоѓа бизнисот. Но тука се само 10, можеби најважните и за кои би ребало да се обидете да обезбедите едноставно позитивно одговарање во фазата на продажба.

Еве ги тие прашања:

  1. Дали воопшто ми треба тоа?
  2. Дали тоа ќе ги задоволи моите потреби или реши моите проблеми?
  3. Го користел ли некој претходно тоа?
  4. Какво е искуството на тие кои го користеле?
  5. Дали би сакал да купам од тој бизнис?
  6. Дали би сакал да купам од тој продавач?
  7. Треба ли и зошто да му верувам на бизнисот?
  8. Дали вредноста ја оправдува цената која треба да ја платам?
  9. Можам ли да си го дозволам тоа?
  10. Што потоа откако ќе го купам?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*