post

10 работи кои вашите купувачи сакаат да ги знаете

Иако формално-правно вие како еден претприемач го водите вашиот бизнис, сепак купувачите се оние од каде ќе бидат повлечени повеќето од конците за управување на бизнисот.

Она што го правите, она што го продавате и она што го промовирате има само една јасна цел – купувачот и неговото задоволување.

Најкомплексната и најзначајната личност за еден бизнис претставуваат купувачите. Тие се и почеток и средина и крај на секој бизнис. Комплексни се затоа што нивните потреби се една од најпроменливите категории, а токму тие потреби претставуваат фокусот на секој претприемач и секој бизнис.

За да успеете мора постојано да си ги поставувате вистинските прашања кога станува збор за вашите купувачи, а едно од поважните е: Што е она што вашите купувачи сакаат вие да го знаете?

Иако одговорот може да има повеќе стотици потреби кои што треба да ги знаете, сепак, тука се групирани најважните 10.

  1. Вистинските проблеми и потреби на купувачите.
  2. Она што ги прави среќни.
  3. Она што ги прави успешни.
  4. Она што им го заштедува времето.
  5. Да ги знаете нивните емоции.
  6. Да ги знаете нивните фрустрации.
  7. Да знаете како да ги слушате.
  8. Да знаете кога тие ви го посветуваат нивното внимание.
  9. Да знаете како да ги разберете.
  10. Да знаете како да им помогнете.

Добро, сега кога знаете што треба да знаете, не значи дека вашата работа е завршена. Вашата задача е да продолжите со градење на вашиот бизнис токму околу овие знаења.

Но, за да започнете со градењето ќе треба првин да го стекнете знаењет, а тоа е единствено со градење на вистински системи преку кои ќе комуницирате со вашите купувачи и ќе ги барате одговорите кои ви се потребни.

Дури потоа, откако ќе го имате знаењето ќе можете да започнете со имплементација на наученото преку подобрување на вашите бизнис-процеси, вашата понуда, вашата вредност, и самите производи или услуги кои што ги нудите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*