post

9 Тактики при успешно лансирање на вашиот стартап

Иако голем дел од работата е завршен пред лансирањето, сепак вашата задача како еден претприемач во самото лансирање и периодот по лансирање на вашиот стартап бизнис не завршува.

Има уште многу работа. Сега е време да се потврди сето она што сте го правеле во подготвителниот период. Сега е време да се стекнат првите вистински купувачи кои ќе платат за вашите производи или услуги.

Можете да ги следете следниве 9 тактики за да си го олесните патот.

  1. Уште еднаш добро разгледајте го целниот пазар што сте го дефинирале во подготвителниот период и изберете 5 до 10 потенцијални купувачи на кои ќе им се јавите како прво. Разгледајте ги сите прашалници, записници од состаноци со потенцијални купувачи, сите тестирања со потенцијалните купувачи… Избегнете ја грешката да се расфрлате на премногу опции, изберете една опција за 5 до 10 потенцијални купувачи како најверојатни во однос на донесување на одлука за купување.
  2. Подгответе ја вашата мрежа од контакти, но не забегувајте веднаш со јавување на сите, туку изберете 5-10 потенцијални купувачи на кои можете да им се јавите. Изберете ги потенцијалните 5-10 за кои сте најмногу сигурни дека ќе станат ваши купувачи. Бидејќи сеуште не сте сигурни како вашиот штотуку лансиран бизнис ќе функционира во смисол на квантитет и на квалитет оставете ги најголемите за подоцна.
  3. Започнете со јавување на 10 потенцијални купувачи кои се надвор од вашите листи на потенцијални купувачи. Ова се потенцијални купувачи за кои не сте сигурни дека може да бидат купувачи.
  4. Јавете се на оние 10-20 потенцијални купувачи од првите две точки. Ова се оние од вашата таргет листа и логично би било да имате поголем успех во однос на јавувања од третата точка.
  5. Анализирајте ја успешноста и начинот на функционирање на вашиот бизнис во поглед на реализација и испорака на вредноста која сте ја ветиле при јавувањето. Размислувајте што треба да подобрите, зошто некој не сакал да нарача, зошто некој нарачал… Ќе мора да ги лоцирате сите индикации на поттикнување на интерес, самата нарачка како и одбивање.
  6. Повторете ја кампањата со други таргетирани потенцијални купувачи и секако други нетаргетирани потенцијални купувачи, но со подобрена кампања од претходниот циклус. Повторно учете и забележувајте се што доведува до успех и се што доведува до неуспех. Целта е континуирано да ја подобрувате и кампањата и понудата но и вредноста што ја нудите (самите производи или услуги).
  7. Обезбедете систем за градење на листа (онлајн или офлајн) и се она што следува откако еден потенцијален купувач станува дел од таа листа се до изведување на продажбата или излегување од листата. Листата и влечењето низ листата до конечно купување ќе обезбеди константен раст на вашиот бизнис, но и константно подобрување на целиот процес од генерирање на потенцијални купувачи се до самото спроведување на продажбата и наплата на пари од продажбата.
  8. Започнете со блогирање каде ќе ги споделувате искуствата за првите купувачи и секако каде ќе го градите вашиот бизнис кредибилитет и репутација. Добра тактика е да започнете со блогирање доколку сеуште не сте започнале во подготвителните фази на вашиот бизнис. Преку бизнис блогот ќе градите заедница која ќе ви помогне во успешно лансирање на вашиот бизнис.
  9. Кога веќе 100% сте сигурни во способноста на вашиот штотуку лансиран бизнис можете да поминете на листата на таргетирани потенцијални купувачи кои може да претставуваат големи купувачи. На ваков начин обезбедувате, кога станува збор за големи клиенти (купувачи) дека се ќе функционира онака како што треба.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*