post

11 Најважни Задачи за Менаџерите

Менаџирањето е една од најважните задачи во секој бизнис. Понекогаш еден претприемач во исто време е и менаџер.

Менаџерски задачи

Постојат еден куп на задачи кои менаџерите треба да ги имплементираат во секојдневните работни активности, а кои мора да доведат до ефективност и ефикасност во бизнисот и организацискиот живот.

Затоа тука на претприемач направив една листа на најважните задачи за еден менаџер.

1. Тренинг

Една од најважните задачи на еден менаџер е тренирањето, обучувањето, пренесување на знаењето. Менаџерот мора да биде насочувач на луѓето во бизнисот, кој насочувањето ќе го изведува преку вистински инструкции и обука. Целта е да се развие бизнис со голема бизнис потенцијална енергија во вработените.

2. Планирање

Планирањето е една од менаџерските функции и една важна секојдневна задача за менаџерите. Менаџерите ги планираат идните патишта каде бизнисот ќе оди и активностите кои мора да бидат извршени од организациските членови.

3. Промени

Во реалноста, не постои ден во бизнис животот без промени. Промените треба да бидат планирани и менаџирани за да ги донесат посакуваните резутати. Менаџерите во исто време мора да ја одржат тековната успешност на бизнисот и да имплементираат промени кои ќе донесат идна успешност.

4. Предвидување

Предвидувањето е уште една задача на менаџерите која претставува обезбедување на слика како ќе изгледа бизнисот во иднината. Ова е важно, бидејќи доколку имаме подобра слика за иднината, ќе бидеме подобро подготвени за таа иднина.

5. Мотивирање

Луѓето мора да бидат мотивирани за да ги дадат најдобрите резултати од нивната работа. Никој не работи за ништо. Сите вработени имаат одреден тип на мотивациски фактори кои ќе го водат да даваат подобри резултати. Но, овие мотивациски фактори се различни за секој вработен. Задачата на менаџерите е да ја оптимизира таа мотивација и да ги максимизира работните перформанси на вработените. Мотивирањето е уште една менаџерска функција како надополнување на планирањето.

6. Организирање

Организирање е една од менаџерските функции како надополнување на планирањето и мотивирањето. Без одредено ниво на организирање, ќе постои хаос. Во бизнис со повеќе вработени ќе има различни идеи, различни начини на извршување на работите, и различни навики на луѓето. Организирањето е задача која ќе направи сите организациски разлики да работат како една целина – бизнисот.

7. Екипирање

Екипирање е уште една менаџерска функција. Се повеќе и повеќе оваа задача станува важна за менаџерите. Избор на вистинските кадри на бизнисот е срце на функционирањето на бизнисот во иднината. Подобри кадри, значи и поголема бизнис потенцијална енергија на бизнисот.

8. Контролирање

Контролирањето е уште една менаџерска функција како планирање, мотивирање, организирање и екипирање. Оваа задача на еден менаџер му дава слика за можни грешки помеѓу планирање и актуелната реализација. Целта е да се минимизира девијацијата помеѓу нешто што сакаме да биде и она што е реалност.

9. Преговарање

Уште една важна менаџерска задача е преговарањето. Постои внатрешно и надворешно преговарање. Внатрешно преговарање е преговарање со ентитети во внатрешноста на бизнисот. Надврешно преговарање е преговарање со ентитети кои се надвор од бизнисот како снабдувачи, потрошувачи и заедницата каде функционира бизнисот. Подобри преговарачки вештини на менаџерите ќе ја зголеми бизнис потенцијалната енергија на бизнисот.

10. Делегирање

Успешните менаџери знаат да делегираат вистински задачи на вистински вработени. Не можеме да најдеме одлични менаџери. Делегирањето на задачи на подолните хиерархиски нивоа е нешто што ги разликува успешните менаџери од оние просечните. Оваа делегирање може да биде комбинација од различно знаење и искуство кое ќе доведе до подобро извршување на задачата.

11. Претставување

Последна, но не и помалку важна задача на менаџерите е претставувањето. Менаџерите се претставници на бизнисот кои тие ги менаџираат. Како изгледаат, како зборуваат, како одат и како размислуваат менаџерите ќе прави слика за бизнисот во очите на луѓето кои се надвор од бизнисот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. емо says

    proektot e shum maerrrrrrrrrrr

Trackbacks

  1. […] активности и задачи кои треба да се завршат и доаѓаат во умот на […]

Speak Your Mind

*