post

20 „МОРА” за стартап претприемачи

Што мора стартап претприемачи да поседуваат, прават и на каков начин да се однесуваат? Кога велиме мора, тоа е нешто неизбежно, нешто без што навистина не може да се успее.

стартап претприемачи

Разговарајќи со еден клиент на оваа тема уште пред да го започне бизнисот, односно пред да навлезе во навистина неизвесните води на стартап животот, бреинстормирав едно стотина мора елементи за да се обезбеди колку толку поголема веројатност за успех на стартапот. Оваа беше уште во 2009 година.

Пред неколку недели, копајќи по стари материјали на десетина хард дискови (кои сакам да ги префрлам на Time Capsule за да бидат достапни преку секој мој уред) налетав на овој документ. Едноставно не можев да одолеам да не споделам барем 20 од тие повеќе од 100 (поточно 108) мора. Инаку, преразгледувајќи ги сите тие мора, морам да кажам дека сеуште сметам дека 99% од нив се сеуште валидни, иако би додал уште толку. Но, тоа за некоја друга прилика. Сега за сега да ги наведам овие 20 кои сметам дека се едни од поважните.

  1. Мора да започнете доколку сакате да бидете стартап претприемач.
  2. Мора да имате способност да ги забележувате и гледате сегашните и идните потреби на други луѓе.
  3. Мора да имате способност да откривате и забележувате скриени проблеми кои навистина треба да се решаваат.
  4. Мора да започнете со мали чекори.
  5. Мора да користите различна технологија од различни места за да прибирате информации.
  6. Мора да созададете тим од исклучително квалитетни луѓе.
  7. Мора да инсталирате претприемачка и стартап возбуда во тимот кој ќе го создавате.
  8. Мора да развиете стратегија не прво за вас, туку за вашите купувачи која ќе покаже како вашите купувачи ќе растат, ќе се подобрат и ќе профитираат со помош на вас и вашиот стартап.
  9. Мора да наплаќате доволно за производот или услугата кои ги испорачувате.
  10. Мора да имате способност за работа со бројки.
  11. Мора да го гледате вашиот стартап низ призма на еден поголем еко-систем во кој и вашиот стартап е дел.
  12. Мора да ги отстраните сите можни граници кои ви се привидуваат.
  13. Мора да бидете и менаџер, нема бегање.
  14. Мора да зборувате со вашите потенцијални купувачи и пред да започнете со вашиот стартап.
  15. Мора да го користите маркетингот и пред да започнете со вашиот стартап.
  16. Мора да користите системски пристап при градење на вашиот стартап.
  17. Мора паметно да ги инвестирате вашите пари.
  18. Мора паметно да ги менаџирате парите кои ќе ги заработи вашиот стартап.
  19. Мора возбудата за креирање секогаш да ја одржувате на максимално ниво.
  20. Мора да го трошите вашето време НА вашиот бизнис, а не ВО вашиот бизнис.

Прашање: Па, што мислите? Што вие би додале на листава? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*