post

Што претставува успех за тебе?

Твоите постигнувања како еден претприемач ќе се базираат на тоа како ти лично го дефинираш успехот. Различни претприемачи успехот го гледаат различно.

Но, твојот успех е твојата визија. Тој е местото каде што сакаш да одиш со твојот бизнис по извесен период на време. Успехот го дефинира твојот претприемнички пат кој треба да го изодиш.

Па, што претставува успех за тебе како претприемач?

Веројатно, имаш јасна визија за твојот претприемнички пат, но можеш ли во една реченица да кажеш што мислиш кога зборуваш за успехот.

Успехот е комплексна работа која кога станува збор за претприемачи и сопственици на мали бизниси може да биде составена од различни елементи.

#1 Постигнување на цели

Често пати успехот може да зависи од постигнување на лични и бизнис цели.

  • Кои се твоите лични и бизнис цели?
  • Што значи постигнувањето на тие цели за тебе?
  • Како можеш да ги постигнеш личните и бизнис цели?

#2 Постигнување на нешто планирано

Ти како еден претприемач планираш многу различни работи за иднината. Секогаш кога планот ќе стане реалност, тоа е успех за тебе.

  • Кои се твоите планови?
  • Како можеш да ги оствариш?
  • Што ќе направиш откако ќе ги оствариш?

#3 Постигнување на нешто што го посакуваш

Ти како еден претприемач си сонувач. Без желби и посакувања, ти не би го ни започнал бизнисот. Кога твоите желби стануваат реалност, тогаш си го постигнал успехот.

  • Кои се твоите желби?
  • Можеш ли да ги оствариш твоите желби?
  • Како можеш да ги оствариш твоите желби?
  • Што ќе направиш откако ќе ги оствариш твоите желби?

#4 Профитабилност

Ти и твојот бизнис имате потреба од профитабилноста. Без профитабилност, неможеш да го раснеш твојот бизнис. Без профитабилност не можеш да ги финансираш нормалните операции на твојот бизнис. Дел од твојот претприемнички успех секако дека е и профитабилноста на твојот бизнис.

  • Што значи профитабилноста за тебе?
  • Како можеш да бидеш профитабилен?
  • Што профитабилноста ќе направи за тебе?
  • Што ти ќе направиш откако ќе ја постигнеш профитабилноста?

Успех

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*