Кога се користи стратегијата на купување на постоечки бизнис како можност за започнување на бизнис добро е да се пристапи етапно. Секогаш започнете со повеќе алтернативи, односно повеќе бизниси на продажба кои би ги разгледувале како можност за купување на еден од нив.
Во овој пост од серијалот започнување на бизнис преку купување на попстоечки бизнис би ги разгледале етапите кои можете да ги користите.
Потпишување на договорот треба да се одвива во етапи, за да се запазат сите потребни процедури и да се извршат сите потребни проверки, па претприемачот да може веднаш да отпочне со работењето. Пред потпишување на договорот, потребно е да се спроведе истражување во три етапи:
#1 Грубо истражување
Првата етапа претставува грубо (воведно) истражување кое треба да се спроведе. Целта е по оваа истражување да останат еден до два бизниса за понатамошно разгледување.
Во оваа етапа вие дноставно:
- ги посетувате просториите на продавачите,
- разговарате со нив и притоа главно слушате (продавачот да зборува) и
- правите проверка на финансиските резултати.
#2 Средно истражување
Втората етапа претставува средно истражување во кое:
- ги разгледувате средствата,
- ја проценувате финансиската вредност,
- утврдувате кој ги поседува акциите,
- ги проверувате побарувањата,
- правите преглед на персоналот и неговата квалификација,
- ги проверувате врските со пазарот и
- ги собирате информации за снабдувачите.
#3 Фино истражување
Третата етапа или фино (конечно) истражување бара:
- Да се проверат правните аспекти.
- Да се вклучат адвокат и сметководител.
- Да се анализира зошто продавачот сака да го продаде бизнисот: Дали ќе се пензионира? Лошо здравје? Не сака да биде (да учи) менаџер каков што бара бизнисот што расте? Потребна е финансиска инекција, а сопственикот не може да ја даде? Се намалува пазарот? Технологијата се менува? Производите (услугите) се застарени?
Останатите наслови од серијалот купување на постоечки бизнис:




Speak Your Mind