Како една можност за започнување на бизнис или влегување во претприемачките води претставува купување на постоечки бизнис. Но, едно од поважните прашања е која цена да се плати за купување на бизнис.
Продавачот ја поставува цената на бизнисот, а пазарот ја одредува вредноста.
Понудената цена може да биде: преголема, точна или ниска. Во секој случај се работи за спротивни интереси. Стариот сопственик сака да продаде по колку што може поголема цена, додека новиот сопственик сака да купи по најниска можна цена. Па постојат три приоди за продавачот да ја определи продажната цената, а тоа се:
- Знам колку ме чини. Ова се неаналитички пристапи. “знам колку сум вложил во бизнисот” обично укажува на елементи од кои не може да се процени бизнисот.
- Знам колку треба да добијам. Вториот пристап укажува на ползата што се очекува од продажбата. Како и претходниот, така и овој пристап ја “надувува” цената, па се добиваат вредности повисоки од реалната вредност.
- Споредување со цените добиени за сличен бизнис. Третиот пристап врши споредување со цените добиени за слични бизниси. Ова е добар приод кога се продава куќа, стан, земјиште.
Продавачот може да одлучи продажбата да ја врши лично. Тоа е лошо решение. Продавачот е емоционално поврзан со бизнисот. Некои сопственици, при продажбата на нивните бизниси не се многу тажни ако бизнисот не се продаде. Тие и сакаат и не сакаат да го продадат. Посредниците (брокерите) се агенти кои ја подготвуваат продажбата. Брокерите имаат искуство, објективност, способност за преговарање, познавање на купувачите, самодоверба…
За да дојде до реална вредност на некој бизнис, потенцијалниот претприемач мора да утврди и да процени дали бизнисот што го купува е:
- Лош: Ќе се согледа врз основа на деловните книги, како и лична проверка.
- Добар: Имаат добро водени деловни книги, добар имиџ кај купувачите, скапи се. Мора да се биде внимателен, за точно да се утврди дали се добри и при тоа да не се стане жртва на измама.
- Надежен: Со подобар менаџмент, можат да се остварат подобри резултати.
Преговарањето е посебна област за претприемачите, менаџерите, па и за луѓето во неделовниот дел од животот. Важна е цената која е договорена, но важно е и тоа како е дојдено до неа. Вредноста на бизнисот се формира на пазарот, тоа е вредност на бизнисот што некој е подготвен да го плати. Кога се преговара, секоја од страните, за да преговара ефективно, важно е да сфати колкава моќ поседува. Извор на моќ се добива од поседување на информации. Ако купувачите немаат веродостојни информации, тогаш се во сериозно заостанување. Грешка во преговарањето е целосно да му се верува на продавачот. Ако од тројца сопственици двајцата се за продажба, а третиот се размислува, тоа е своевиден притисок врз него. Врз преговорите влијае и времето. Ако купувачот или продавачот се во “тесно” од временски аспект, тогаш тоа е нивна преговарачка слабост. Ако купувачот или продавачот имаат алтернативни решенија, тоа е нивна преговарачка предност. Ако продавачот има единствена алтернатива во продажбата на својата продавница и ако тоа го знае купувачот, тогаш продавачот има преговарачка слабост. Кога се анализираат бизнисите, но и кога се склучува договор, потребни се совети од сметководител и од адвокат.
Пример: Цената што ја бара продавачот е 100. Мислете дека е тоа реална цена. Се јавува купувачот, прашува за цената и се согласува. Како се чувствувате? Разочарано? Мислете дека сте можеле да добиете повеќе?
Втора варијанта: Човек нуди 90, а Вие велите 95 и тој се согласува за 95. Какво е чувството? Оваа цена е помала од првата (100). Дали сега се чувствувате подобро? Повеќето луѓе се чувствуваат подобро! Идентично чувство има купувачот. Ако Вашиот контра предлог беше веднаш прифатен, ќе мислевте дека требало да пробате со 95.
Останатите наслови од серијалот купување на постоечки бизнис:




Одличен пост, бидејќи купувањето на постоечки бинис е нормална работа, а цената на бизнисот кој сака да биде продаден и на бизнисот кој сакаат да го купат (и да е ист бизнис) е различен.
Генерално бизниот може да се цени врз основа на што е е вложено. Добра приказна (во Битола) е една компанија која за две години порасна од компанија со тројца, во компанија со над 20 вработени и стигна до ниво кога нивниот стратешки партнер и клиент понуди да им ја откупи компанијата. Во овој случај сопственикот се реши да продаде, врзо основа на тоа колку е вложено (опрема, компјутери и канцелариска опрема). Во случај кога имате единствен клиент, ова и не е толку лоша зделка, со што сите ги продолжија работните места.
Но кога имате повеќе клиенти, услуги и произоди, и кога претежно продавате услуги, тогаш најтешко е да се процени вредноста на фирмата. Доколку се види историјата на фирмата и се заклучи дека на пр.имате годишен раст од 20%, може да го претпоставите истиот во наредните години. Во тој случај, цената на компанијата се пресметува врз основ на иниот обрт и идната заработка. Се земаат идните 3-5 години, и се пресметува бруто заработка на претпоставките за сите години, и кога ќе се соберат сите суми (на која може да се додадат основните средства, вредностите на брендот) и да се добие една почетна сума за преговарање.
Благодарам за споделување на интересен пример од реалноста. Во секој случај, кога се разгледува цената не треба да се базираме само на еден извор на информации, на пример на вредноста од книгите, без да се земе во предвид ликвидациска вредност, вредност за замена, "мускулите" на бизнисот, па дури и проценка од експерт со големи познавања во индустријата.
Сепак не е на продажба физички производ туку еден организациски систем кој е под влијание на многу внатрешни и надворешни фактори.