post

Како да имплементираш организациски промени во твојот бизнис?

Инкрементални промени Како може да имплементираш организациски промени во твојата компанија?

Знаеш, промените се секојдневни доколку сакаш да изградиш успешен бизнис или да се одржиш да бидеш еден чекор пред конкуренцијата.

Знаеш и дека твоите купувачи вршат притисок на твојот бизнис да бидеш подобар денес отколку вчера и подобар утре отколку денес.

Најдобриот начин твојот бизнис да биде подобар бизнис е да имплементираш систематски процес во планирање и имплементирање на промени.

Ќе се обидам да помогнам во градење на систем за промени во твојот мал бизнис.

#1 Зошто треба да се менуваш

Знаеш ли зошто треба да промениш нешто во твојот бизнис?

Доколку не знаеш зошто треба да се менуваш, веројатно нема ни да смениш нешто во твојот бизнис.

Секоја организациска промена има сопствени причини, наречани како сили на промени. Како и да е, најважно е дека треба да изградиш систем кој ќе ти каже дека треба да преземеш нешто во твојот бизнис.

Како што зборувавме во 11 предупредувачки знаци дека мора да преземеш нешто, секој претприемач треба да има знаци кои ќе се следат и согласно нив ќе се направи нешто во самиот бизнис. Тоа нешто се промените.

Првата работа која треба да ја направиш е да ги најдеш сите можни сили на промени со потенцијал да влијаат на твојата компанија.

Повеќе: Извори на организациски промени

#2 Приоритизација на силите на промени

Сега, кога ги занеш силите на промени, треба да започнеш да размислуваш за тоа која силе е поважна и која е нејзината зачестеност.

Значи, треба да избереш кои видови на сили на промени ќе ги следиш на секојдневно ниво, кои на неделно, месечно, квартално или годишно ниво. Оваа класификација ќе зависи од индустријата или пазарот во кој оперира бизнисот.

На пример, високо технолошките индустрии, треба да следиш повеќе фактори почесто отколку во индустрии кои не се толку под влијание на промените.

#3 Планирај го процесот на промени за најприоритетните сили на промени

Значи, знаеш што да следиш, и знаеш што е најприоритетно за твојата компанија.

Сега треба да го подготвиш твојот бизнис за имплементација на еден процес на организациски промени.

#4 Најди ги можните извори на отпор кон промени и обиди се да ги елиминираш

Едно нешто што претставува константа во процесот на организациски промени е отпорот.

Факт е дека ќе има луѓе кои ќе се противат на промените. Но, факт е дека тоа е многу опасно за процесот на имплементација на промените и бизнисот воопшто.

Мора да ги знаеш изворите на организациски промени и да предвидиш кој ќе се противи, а кој ќе ги поддржи промените. Кога ќе дојдеш до потенцијален отпор и го дефинираш лицето кое најверојатно ќе се противи на промените мора да се обидеш да ја елиминираш отпорноста уште пред да започнеш со процесот.

Повеќе: Отпор кон организациски промени – 28 фактори

#5 Дефинирај ги чекорите за имплементација

Имаш план. Веќе ги имаш елиминирано можните противења и сега треба да ги дефинираш конкретните чекори кои мора да ги преземеш во процесот на имплементација.

#6 Делегирај задачи и одговорности

Не можеш се сам да имплементираш. Затоа ќе треба да ги делегираш задачите од претходниот чекор заедно со одговорностите за конкретни луѓе.

Ти си претприемач, решавач на проблеми, сонувач. Ти требаат луѓе кои ќе го имплементираат она што ти си го замислил. Сепак, ќе треба исто така да им помогнеш за подобро разбирање зошто промените треба да се имплементираат и што ќе добијат тие со таа имплементација.

#7 Проверувај го процесот на имплементација

Започнување со процесот на имплементација не значи и автоматски успех на процесот. Сеуште ќе треба да ги проверуваш клучните мерки на перформасите за да се осигураш дека се се одвива како што е испланирано, или дека процесот оди во посакуваната насока.

#8 Подобрувај го процесот на имплементација

Секогаш ќе постои нешто што може да го подобри процесот на имплементација. Доколку откриеш дека нешто не е онака како што е планирано или посакувано, ќе треба да направиш прилагодувања во процесот за да обезбедиш дека се е ОК.

#9 Прослави го успехот

Секој успешно завршен проект треба да се прослави со сите членови на бизнисот. Да биде твојот бизнис поразличен и подобар не е мала работа. Од друга страна, ова не значи и крај на промени во бизнисот. Ќе мора да продолжиш уште од утре со нов процес на промени и затоа ти треба тим полн со енергија.

#10 Продолжи со истиот процес за следните највлијателни сили на промени

Време е да се започне повторно со следниот најважен причинител на промени и потребните промени за твојот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*