post

Започнување на бизнис без системи

Еден претприемач и фази во започнување Ќе се обидеме преку два поста и два целосно спротивставени примери да презентираме различни ситуации на ист бизнис започнат од ист претприемач, но со различни пристапи. Сликата десно се однесува на еден човек, претприемачот и неговите фаци во овој процес кој се нарекува започнување на бизнис.

Ќе започнеме со бизнис без никакви системи, без организациска структура бидејќи при започнување тој, претприемачот е се во бизнисот.

Нашиот замислен претприемач ќе се вика Перо, тој има идеја да започне бизнис. Идејата на Перо се однесува на сендвичара со органска храна.

Перо смета дека идејата ќе помине во услови кога се повеќе се зборува за органска храна, а од друга страна неговите родители имаат земја каде одгледуваат органска храна која може да му служи како дел од репроматеријал за производство на сендвичите. Остатокот ќе го набавува од неговите пријатели кои произведуваат таков репроматеријал.

По некои подготовки во однос на најмување на простор, средување и набавка на основните намирници за започнување како и завршување на формалностите, Перо го започнува бизнисот со отворање на вратите на неговата сендвичара. Неговата умешност во комбинација на состојките во производство на сендвичи е на одлично ниво. Самото отворање и покана на гости кои ги пробале сендвичите поттикнале висок степен на ефект на вирозен маркетинг од уста на уста.

Веќе по неколку месеци, работата на сендвичарата го тера да вработи еден соработник. Тој забележал дека не може да биде и чистач и производител, и продавач и маркетар, и администратор и “физикалец”, и снабдувач и договарач. Затоа го вработил Ставре братот на неговата жена. Така да, кога Перо правел сендвичи, Ставре набавувал, чистел, контактирал со купувачите… Кога Ставре чистел, Перо бил во набавка и продавал. И така се функционирало супер. Но, умешноста на Перо во правење на сендвичите доведува до уште поголемо зголемување на работата. Му треба уште еден човек. Вака не се постигнува, а математиките покажуваат дека може да си дозволи да вработи уште еден.

И така пријателот на наговиот братучед, Горан станува уште еден член на неговиот тим. Повторно се е во нормала. Перо може целосно да се посвети на неговата техничка функција како претприемач во правење на сендвичи, Ставре го менувал и во производството кога Перо имал работа во набавка. Ставре како постар вработен добил и нови задолженија да менаџира, односно да планира за работата, да го контролира и обучува Горан.

Така се функционирало како што треба за Перо, бизнисот растел преку зголемена побарувачка, добар глас за квалитетот и умешноста на правење на сендвичи на Перо. Но, умешноста морала да се имплементира секојдневно при што Перо бил врзан минимум 7-8 часа дневно. Сака да се шири со уште една продавница бидејќи парите доаѓаат од овааа првата. Затоа и го задолжува Ставре да разгледа неколку локации каде би можеле да го прошират бизнисот. Ставре пак како верен прв вработен во фирмата веднаш трча да ја заврши задачата.

По неколку состаноци со потенцијалните обезбедувачи на простор и неколку интерни состаноци на Перо со Ставре одлучуваат да најмат простор во источниот дел од градот и секако да вработат уште тројца во бизнисот. Едниот ќе започне веднаш и ќе се обучува од страна на Перо во производството (правење сендвичи) додека се подготвува втората локација. Вториот и третиот ќе се вработат откако продавницата ќе се отвори и ќе бидат одговорни за сите останати работи поврзани со втората продавница и комуникацијата помеѓу двете.

По неколку месеци, она што го планирале и го оствариле. Втората продавница веќе работи. Почетните резултати се ветувачки. Ставре е менаџерот кој едноставни обезбедува се да функционира како што треба. Тој најмува работници, тој се грижи за набавките, тој се грижи за исплаќањето на платите и подготовка на документите како администрирање. Перо целосно може да си се посвети на она што сака да го прави, да произведува сендвичи заради кои и бизнисот дошол до оваа фаза.

Но, ова е премногу добро, за да биде вистинито.

По проширувањето и по зголемувањето на работата започнуваат да се јавуваат некои навидум едноставни проблеми, но сепак влијателни кои целосно ќе го сменат текот на бизнисот. Ставре како крал на функционирањето на бизнисот овластува некои од неговите блиски соработници (кои тој ги регрутирал за Перо) да почне да нарачува суровини од компанија со која Перо воопшто не работел претходно. Квалитетот на суровините не бил на нивото од оној почетниот кога Перо набавувал само од неговите родители и пријатели. Тоа влијаело на намалување и на квалитетот на сендвичите.

Започнуваат првите жалби на купувачите. Се крева вистинска врева од страна на Перо како можело тоа да се случи. Ставре немал одговор? И добро, Перо ја презема одговорноста врз себе и не дозволува веќе Ставре да одллучува за набавките. Но, загубите веќе се видливи, а бидејќи Перо сега работи и на набавки и на производство на сендвичите неговиот замор допринесува да продолжи да опаѓа квалитетот.

Во меѓувреме, Перо започнува да реагира нервозно, се јавува во втората продавница и разговара со луѓе кои воопшто не ги ни познава. Нив ги најмил Ставре и едноставно и тие се збунети и не знаат како да постапат.

Грешките се повторуваат не само на квалитетот, туку и во однос на комуникација со купувачите, во однос на одржување на хигиена во продавниците, во однос на комуникација помеѓу целиот тим во бизнисот…

Ставре веќе не може да го трпи притисокот од Перо, а бидејќи е брат на жената на Перо одлучува да си замине. Перо од друга страна е притиснат и од сопствената сопруга, сепак Ставре е нејзиниот брат. Едноставно му се руши целиот свет. Останатите вработени не го ни забележуваат бидејќи Ставре бил авторитетот а не Перо, кој е претприемач и сопственик на бизнисот.

Перо одлучува да ја затвори втората продавница и да се обиде да ја спаси првата која со голем ентузијазам и желба за успех ја започнал. Штетата е голема, кредити, сметки… Продажбата се помала. Еден по еден вработените си заминуваат. Кој отпуштен бидејќи не завршил работа како што треба, кој самиот си заминува заради се поголемо намалување на платите.

Перо пак останува сам како во првите неколку месеци, со таа разлика што тогаш имал желба и имал визија дека сака да успее. Сега веќе е скршен, без идеи, без желба за поголем труд, притиснат во аголот без некои големи можности за свртување. Дури и од семејството е сметан како губитник.

Купувачите ги нема! Сметките се собираат! Потребна е брзза одлука што да се прави.

Постојат две можности: целосен пропаст и затварање на бизнисот, или обид да се направи од почеток онака како што треба.

Следува вториот дел за обид да се направи од почеток онака како што треба.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*