post

60 Правила на продуктивност – Ажурирани и проширени

Пред две години напишав пост насловен како 50 правила за бизнис продуктивност, но дојде време за една ревизија и ажурирање на тие правила. Всушност оваа содржина првин беше преработена за My Productivity Tools.

Дали ни требаат уште правила? Дали навистина имаме потреба од правила за продуктивност?

Се чини дека имаме правила за се и сешто околу нас. Но, правилата иако може да бидат опасни за нашата креативност, кога се користат на еден лош начин, сепак може да ни помогнат да останеме на вистинскиот пат кон успешноста. Тие се нашите патобрани, кои треба да обезбедат дека се околу нас е онака како што треба да биде.

Но, што е со нашата продуктивност? Ни требаат ли правила за да бидеме попродуктивни?

Секој сака да биде попродуктивен. Секој сака да постигне повеќе, додека инвестира помалку. Секој си има свои сопствени правила кога станува збор за продуктивноста и завршување на вистинските работи на вистински начин во вистинско време.

Подолу е една листа на мои и секако правила на другите луѓе кои ги имам прашано за нивните сопствени правила.

  1. Стани порано доколку сакаш да ја зголемиш ефикасноста на твојот ден.
  2. Твојата дневна ефикасност влијае на твојата неделан ефикасност, што пак ќе влијае на месечната…
  3. Кафето нема да ти помогне да бидеш попродуктивен, твоето време е ограничено.
  4. Продуктивноста претставува завршена работа во единица време.
  5. Повеќе завршена работа во ист временски период со исти ресурси претставува зголемување на продуктивноста.
  6. Организирање претставува мајка на зголемена продуктивност.
  7. Мора да бидеш пофокусиран на твојата работа доколку сакаш да бидеш попродуктивен.
  8. Бизнис планот ја зголемува личната и бизнис продуктивност.
  9. Бизнис системите овозможуваат побрзо изведување на иста работа во ист временски период.
  10. Личниот живот влијае на бизнис животот и продуктивноста.
  11. 80/20 правило значи дека 20% од активностите прават 80% бизнис успех.
  12. Продуктивноста варира од ден во ден, од месец во месец и од година во година.
  13. Умно работење значи завршување на повеќе работа во пократок временски период.
  14. Повеќе работни часови не значи повеќе завршена работа.
  15. Напорно работење не значи дека повеќе работа ќе биде завршена.
  16. Работа со пасија значи дека ќе биде завршена повеќе работа.
  17. Уживање во она што се работи ќе помогне да се заврши повеќе работа.
  18. Инспирацијата е креатор на продуктивноста.
  19. Негативни индивидуални емоции имаат негативен ефект на бизнис продуктивноста.
  20. Бизнис продуктивноста може да ја зголеми среќата во приватниот живот.
  21. Подготовка ќе ја зголеми веројатноста на квалитетно завршување на работата.
  22. Фокусирање на посакувани резултати ќе ја зголеми веројатноста на квалитетното извршување.
  23. Секогаш ќе постојат можности за подобрување.
  24. Следење на прогресот ја зголемува продуктивноста.
  25. To-Do Листи претставуваат корисни алатки.
  26. Пронаоѓање на препреки и нивно перманентно елиминирање ќе ја зголеми личната и бизнис продуктивност.
  27. Секогаш ќе постојат неважни задачи.
  28. Аутсурсинг на неважни задачи ќе ни помогне
  29. Првин треба да се завршуваат најважните задачи.
  30. Помошта од други луѓе е секогаш добредојдена и прифатлива.
  31. Проверка на E-mail треба да е последна активност на листата.
  32. Понекогаш завршување на повеќе полесни задачи може да ја зголеми продуктивноста.
  33. Преценувањето на потребно време има негативен ефект.
  34. Одолговлекувањето ја намалува продуктивноста.
  35. Нешто што може да се заврши денес не треба да се остава за утре.
  36. Бизнис продуктивноста се засновува на продуктивноста на вработените.
  37. Физичкото опкружување ќе влијае на продуктивноста.
  38. Бизнис продуктивноста зависи од способноста на претприемачот и менаџерите, а не од способноста на вработените.
  39. Кратка пауза ќе ја подобри личната продуктивност.
  40. Освежување на мозокот ни дава дополнителна енергија.
  41. Прифаќање на критицизмот овозможува подобро завршување на работата во пократок временски период.
  42. Одвлекување на вниманието има негативен ефект на продуктивноста.
  43. Вистинска информација, во вистинско време, кај вистинската личност ќе помогне да се заврши повеќе работа.
  44. Времето може да се раздели на семејно и бизнис време.
  45. Не може да ја зголемиш количината на твоето време, но може да го менаџираш во однос на тоа како го користиш.
  46. Учење од други бизниси ќе ни помогне да ги избегнеме нивните грешки.
  47. Стресот има негативен ефект на продуктивноста.
  48. Прославување на успехот со вработените ќе ни даде дополнителна потенцијална енергија.
  49. Самодовербата е важна.
  50. Проактивност, а не реактивност е основа за успехот.
  51. Дневните рутини ја зголемуваат продуктивноста, но ја намалуваат креативноста.
  52. Бележниците се важни кога нешто важно ни доаѓа во умот.
  53. Нормално е понекогаш да работите да не се движат онака како што треба.
  54. Технологијата е тука за да ти помогне.
  55. Не ја избегнувај новата технологија.
  56. Не плаши се доколку не знаеш како да користиш нешто.
  57. Се може да се научи.
  58. Се може да се систематизира.
  59. Се може да се подобри.
  60. Се може да се поедностави.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*