Но, што треба да направите за да изградите успешен бизнис и на таков начин да станете успешен претприемач?
Дали вие и вашиот бизнис сте единствените ентитети на кои треба да се стави фокусот за да успеете во тие намери?
Кога зборуваме за бизниси, не можете да размислувате само за вашата страна на успехот. Во голем дел, успехот на вашиот бизнис ќе биде базиран на испорака на среќа на други луѓе околу вашиот мал бизнис и можете да успеете само доколку нив ги направите среќни.
Да разгледаме кого се треба да усреќите?
- Доколку ги направите среќни вашите купувачи ќе успеете. Како прво, вашата работа како еден претприемач е да ги направите среќни вашите купувачи. Доколку тие се среќни тие ќе продолжат да соработуваат со вас, и уште поважно е што ќе ја споделат нивната среќа со други луѓе и ќе ви донесат повеќе потенцијални купувачи за вашиот мал бизнис.
- Даколку ги направите среќни вашите вработени ќе успеете. За да ја испорачате среќата која сакате да ја испорачате на вашите купувачи ќе ви треба помош од страна на вашите вработени. Тие се критична алка во целиот процес на обезбедување и испорака на среќа за вашите купувачи. Затоа доколку сакате да ги извлечете нивните најдобри напори, ќе мора да ги усреќите.
- Доколку ги направите среќни вашите партнери ќе успеете. Во повеќето случаи, вашите деловни процеси ќе зависат од вашите партнери. На пример, време на испорака како дел од испорака на среќа за вашите купувачи во голем број на случаи ќе зависи од времето на испорака на вашите снабдувачи. Доколку сакате да изградите успешен бизнис вашата задача како еден претприемач ќе биде да испорачате среќа за кклучните партнери на вашиот бизнис.
- Доколку го направите вашето семејство среќно, ќе успеете. Но, не е се за бизнисот. Вие сте човечко суштество како прво, а потоа претприемач. Најголемата енергија за вашиот успех ќе ја црпите од вашиот приватен живот и потесното семејство. Доколку ги усреќите, нивната подршка за вашите претприемачки активности ќе биде неисцрпен извор на енергија за вас.
Значи, ќе мора да испорачате 4 вида на среќа за 4 вида на ентитети важни за вас и вашиот мал бизнис. Затоа, фокусирајте се на испорака на среќа за овие лица.




Speak Your Mind