post

Епизода #02: Бизнис план во услови на крајно променливо опкружување [Подкаст]

Бизнис план претставува една од најбараните, но и најконтроверзните теми во последните години кога станува збор за бизниси и претприемачи.

Оваа е втора епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме следна епизода.

Во оваа епизода зборувам за бизнис планот во услови на крајно променливо опкружување.

Кликни за слушање

По завршување на оваа епизода се надевам дека ќе имате еден сосема поинаков поглед кон вашиот бизнис план, но и еден систематски пристап во имплементација на процесот на планирање, бидејќи на крајот сепак не зборуваме за документ, туку за еден процес.

Главните препораки за кои зборувам во оваа епизода одговараат на следниве прашања:

  1. Кој треба да го подготви бизнис планот?
  2. Колкава треба да биде големината на бизнис планот?
  3. Од каде да започнете при започнување на подготовка на бизнис план?
  4. Што треба да докаже и покаже вашиот бизнис план?
  5. На кои прашања ќе треба да даде одговор вашиот бизнис план?
  6. Каква структура на бизнис план може да се користи?
  7. Како бизнис планот да се справи со неизвесноста во која функционира бизнисот?
  8. Како да се справувате со грешките во бизнис планот кои ќе се откријат по започнување со имплементацијата на самиот план?
  9. Како да се справите со перфекционизмот кога станува збор за подготовка на еден бизнис план?

Прашања од слушатели

Горан постави прашање преку контакт форма и не остави линк до неговиот веб сајт, а праша, “Дали мора да имам бизнис план кога станува збор за нов производ во вид на софтвер или мобилна апликација

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “одложување како сопирачка за вас и вашиот бизнис”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

  1. Подкаст: Процес на следење и мерење на резултати
  2. Бесплатна книга: Бизнис план водич
  3. Постови на претприемач за бизнис план

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*