post

5 Клучни работи за да обезбедите успех во маркетинг

Маркетинг е нешто што во многу случаи ќе значи живот или смрт за една компанија. Но, сепак и нешто што лесно се забележува како несоодветно практицирање од страна на претприемачите.

маркетинг

Промашување значи губење на време, пари и ресурси кои би можеле да се искористат многу пооптимално доколку не се промашува. Но, кога зборуваме за маркетинг понекогаш промашување значи и учење доколку не станува збор за катастрофално промашување кое се случува во стилот на „упорно одење со глава во ѕид”.

Не сакам да навлегувам во спецификите за потребата на маркетингот, за маркетинг процеси, за начинот на користење на маркетингот… Мислам дека за тоа доста пишувавме, но и ќе пишуваме и ќе зборуваме на подкастот „претприемачки пат”. Тука сакам да отворам неколку специфични теми во вид на клучни работи кои треба да ги знаете и постојано да ги имате на ум како еден претприемач во следниве ситуации:

  • Кога го дизајнирате и градите маркетинг процесот на вашиот бизнис.
  • Кога имплементирате маркетинг активности во вашиот бизнис.
  • Кога работите на подобрување на маркетинг процесот во вашиот бизнис.

Па кои се тие 5 клучни работи?

  1. Не можете никогаш со 100% сигурност да знаете што успева а што не успева. Точно. Затоа и сметам дека и најдобрите книги и курсеви за маркетинг не можат да обезбедат 100% успех. Никогаш не знаете што ќе успее, а што нема да успее. Доколку станува збор за производ, не знаете со сигурност дека тој е вистинскиот. Доколку станува збор за реклама или некои други маркетинг тактики, не знаете која дава резултати, а која не дава. Затоа во голем дел маркетинг претставува тестирање па прилагодување, па повторно тестирање, па повторно прилагодување… Едноставно бара постојана итерација…
  2. Вашите маркетинг активности мора да имаат цел – да продавате. Можеме да измуслуваме стотици цели кога станува збор за маркетинг, но сепак една е најреална и највистинита, а тоа е да продавате. Зошто би се занимавале со маркетинг во вашиот бизнис, доколку преку него не успеете да ја зголемите продажбата. На таков начин, маркетинг целите ќе бидат во функција на целите на вашиот бизнис.
  3. Маркетинг е бесконечен циклусен процес, а не активност со почеток и крај. Иако зборот кампањи се користи во маркетингот, сепак маркетинг процесот не е кампањски процес. Маркетинг процесот е еден континуиран и бесконечен циклусен процес со огромен број на подпроцеси во него. Значи завршување на еден циклус во процесот значи започнување на нов циклус. Завршување на еден подпроцесен циклсу значи започнување на нов подпроцесен циклус.
  4. Маркетинг процесот не смее да дозволи цврсто врзување со една работа. Често пати забележувам како многу претприемачи се врзат за една работа и едноставно не сакаат ни да помислат да ја испуштат од рацете. Сепак маркетинг процес бара сосема поинаков пристап. Тој не дозволува врзување за еден наслов на реклама или еден рекламен текст, туку бара тестирање на во некои случаи на десетици текстови, десетици наслови…
  5. Маркетинг значи и едукација и објаснување што потенцијалниот купувач треба да направи на крај. Прво едукација а потоа силен повик за акција. Едно без друго не одат, прво вие не сте едукативен центар, туку бизнис која користи маркетинг заради специфична цел. Второ, повик за акција без обезбедување на цврсто објаснување на вашата понуда тешко може да се реализира. Но, добра комбинација на двете е нешто што ќе ви го осветли патот кон успехот.

Секогаш имајте ги на ум овие 5 клучни работи бидејќи ќе ви помогнат во коренито менување на сегашниот начин на користење на маркетинг во вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*