post

6 Причини за следење на трендови околу Вашиот бизнис

Трендови - 6 причини за следење

Трендови - 6 причини за следење

Успешни претприемачи знаат како да ги следат трендовите во подрачјето на нивниот биснис. Постојат луѓе кои креираат трендови и секако луѓе кои ги разбираат трендовите. Остатокот се луѓе кои ниту креираат ниту следат трендови. Истото е и кај бизнисите, постојат:

  • бизниси кои креираат трендови
  • бизниси кои ги следат трендовите
  • бизниси кои ниту креираат ниту следат трендови.

Што сакате вашата компанија да биде? Следач или лидер?

Последните од 3-те бизниси набргу ќе бидат избришани од мапата на успешни бизниси.

Интересно е да се забележи дека бизнисите сами не можат да креираат жешки трендови. Тие мора да ги разберат потрошувачите и нивните потреби за да креираат тренд кој ќе ги направи лидери на пазарот. Од друга страна не можеме да бидеме само во една од првите две групи (креирање и следење). Успехот бара соодветен микс на креирање и следење на трендови. Ова е еден процес кој никогаш не завршува.

Во следните параграфи ќе прочитате за 6 причини зошто мора да ги следите трендовите околу вашата компанија.

1. Трендовите ќе ви помогнат за подобро предвидување.

Предвидувањето е секојдневна задача за секој претприемач. Доколку ги разберете рендовите, предвидувањето ќе биде изведено подобро и поедноставно од Ваша страна.

2. Трендовите ќе ви кажат што се случува сега и што ќе се случи утре

Врз основа на тековните трендови ќе можеме да откриеме нешто што ќе се случува во иднина.

3. Трендовите ќе ви помогнат да станете лидер, а не следач

Следење на трендови и нивната имплементација во Вашата компанија ќе ве направат лидер, не следач. Можеби во иднината Вие и Вашиот бизнис ќе станете и креатори на трендовите.

4. Трендовите ќе ви помогнат да дојдете до подобри бизнис идеи

Познавањето на рендовите ќе ви овозможи да дојдете до подобри и поквалитетни бизнис идеи.

5. Трендовите ќе ви ги покажат најважните рани предупредувања

Трендовите се екстремно сигурни извори на промени. Тие ќе ви дадат рани предупредувања за тоа што е добро а што лошо во Вашиот бизнис. Доколку ги забележите, ќе ви помогнат да креирате вреден систем за откривање на изворите на организациските промени.

6. Трендовите ќе ви кажат што мора да подобрите во бизнисот

Се што не е компатибилно со тековните и идните трендови во Вашата компанија мора да биде подобрено.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*