Но, како што поминува времето и вашиот бизнис расте, циклусот на иновацијата ќе биде се поголем и поголем, што значи се поспоро ќе се иновира, а се повеќе фокусот ќе биде на одржување на тековната состојба со растот на бизнисот.
Дали сакате да ја вратите иновацијата во вашиот бизнис?
Веројатно вашиот одговор ќе биде да, бидејќи вие сте умен претприемач кој знае дека иновацијата е се за вашиот бизнис без разлика во кој дел или на кој предмет ќе се однесува (производи, услуги, процеси, системи…)
Но, како да ја вратите иновацијата повторно да биде срце во вашиот бизни?
Да разгледаме неколку тактики кои може да ви помогнат во креирање на навистина еден нов начин со кој вашата компанија ќе работи и ќе ги задоволува купувачите.
- Започнете со вашите купувачи. Точно, започнете со купувачите и слушајте ги, тие знаат што сакаат и разговорот со нив ќе ви обезбеди многу тајни за нив кои што лесно ќе можете да ги користите во вашите следни иновациски циклуси. На крајот на секоја ваша акција, тие ќе бидат оние кои ќе го евалвираат процесот и ќе кажат дали е успешен или не е успешен.
- Погледајте во историјата на вашата компанија. Што е онаа што ве довелу тука каде што сега се наоѓате? Оваа е важно прашање и во голем број на случаи претприемачите, поради високата стапка на растот на нивниот бизнис, едноставно забораваат како го изградиле нивниот досега успешен бизнис. Што била главната инспирација на вашите претходни иновации? Можете ли повторно да ја вратите истата инспирација да биде актуелна и денес во вашиот бизнис? Што била главната намена на бизнисот врз која и сте го израдиле вашиот бизнис во минатото? Овие прашања иако можеби изгледаат како едноставни прашања и како неважни во овој момент, сепак навлегуваат во с’ржта на вашиот бизнис и можат да ви помогнат да видите зошто започнувате да го губите тлото под вашите нозе, нешто што во минатото било навистина цврсто.
- Започнете повторно да сонувате. Една од најголемите препреки за иновација претставува недостатокот на вашето претприемачко сонување за иднината на вашиот бизнис, вас самите и вашите купувачи. Зошто не сонувате повторно? Што се случило за да престанете да сонувате? Како да ги инспирирате сопствените соништа кои ќе навлезат колку што може подлабоко во иднината? Размислете за овие прашања бидејќи вашите соништа ќе бидат одлична основа за можна иновација во вашата компанија.
- Погледнете во други индустрии надвор од вашата. Зошто да не погледнете во другите индустрии и да видите што работи таму, а сеуште не е имплементирано или не се користи во вашата индустрија? Поглед во другите индустрии и успешни производи, процеси или системи ќе ви даде многу идеи кои можете да ги комбинирате во вашиот бизнис и едноставно да станете една од најиновативните компании во вашиот бизнис.
- Не игнорирајте ги проблемите во вашиот бизнис, едноставно решавајте ги. Секаде каде што ќе откриете проблем во вашата организација, тоа е доволен знак или едноставно поттик за можна иновација. Решавање на вашите проблеми ќе донесе иновација во вашиот бизнис. На пример, проблем кој вашите купувачи го имаат при користење на вашиот производ или услуга ќе претставува одлична основа за изнаоѓање на решенија за подобрување на производот или услугата, а тоа едноставно се нарекува иновација.
- Мотивирајте ги вработените, односно вашиот тим да донесат колку што може повеќе иновативни идеи во вашата компанија. Иновацијата не е нешто за што само вие како еден претприемач во вашата компанија имате монопол. Најдобрите иновации доаѓаат од колку што може повеќе умни глави полни со креативност. Вашата задача како еден претприемач е континуирано да ги мотивирате вашите вработени за да ги подобруваат сите аспекти на нивната работа и да ги споделуваат нивните сопствени идеи за иновација со нивните колеги, менаџери и вас.
Прашање: Имате ли искуство со некоја од овие тактики, или пак нешто друго за враќање на иновацијата во вашиот бизнис? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.
Speak Your Mind