post

Креативно решавање на проблеми

Има ли некој кој ги посакува проблемите?

Сигурно нема? Или барем повеќето не сакаат да им се појави проблем кој ќе бара решение. Но, животот не е едноставен, па дури и може да се каже дека целиот живот ни е посветен во решавање на проблеми. Исак Адижес вели дека само мртов човек нема проблеми.

Дури имаме проблеми значи дека сме живи и имаме цел која треба да ја постигнеме.

Кога станува збор за бизнисите проблемите претставуваат неизбежен дел од секојдневието. Некои се тешки и сложени, некои пак се едноставни дури и не бараат ваш личен ангажман како еден претприемач.

Сепак, проблемите постојат за да се решаваат, за да се подобри бизнисот, и да се подобри искуството на купувачите со вашиот бизнис.

Постојат повеќе дефинирани и научно презентирани процеси за решавање на проблеми и донесување на одлуки. Јас тука би сакал да ги избегнам тие процеси и едноставно да презентирам еден повеќефазен процес кој ќе ви обезбеди можеби старовремско, но сепак креативно решавање на секој проблем во вашиот бизнис.

  1. Кога откриете дека се појавил проблем едноставно забележете го дека постои и ве молам без паника. Точно, најважно е дека проблемот е откриен, а откриен проблем значи и дека половина е веќе решен. Многу е полошо да постои проблем, скриен за кој сигурно нема да преземете ништо. Без паника значи да не почнете веднаш да ги викате соработниците, да барате предлози и виновници, да казнувате…
  2. Земете го бележникот или Evernote и започнете да го опишувате проблемот. Напишете ги последиците од тој проблем, но напишете ги и причините за неговото појавување. Обидете се описот и секоја последица или причина за појава на проблемот да бидат на една страна во бележникот или пак на посебна белешка во Evernote.
  3. Оставете го проблемот и одете на следните ваши активности од вашата “да направам” листа. Понекогаш едноставно мозокот треба да се тргне од една работа како подоцна кога ќе се наврати би бил многу покреативен. Кога ќе завршите се што е планирано за денес навратете се на проблемот и обидете се да додадете уште некои забелешки во однос на него (повторно сите на посебен лист хартија).
  4. Одпечатете ги сите белешки од претходните чекори на посебен лист хартија или исцепајте ги страните од бележникот и залепете ги на една табла или едноставно ѕид. Целта на овој чекор е да се избегне линеарно размислување за проблемот. Доколку сето она што досега го напишавте остане на листа хартија едно под едно, вие ќе размислувате линеарно, а проблемите и особено решенијата не се баш линеарни.
  5. Потрошете половина час гледајќи во залепените белешки. Да, едноставно гледајте во нив и не преземајте ништо се додека не ви налета некоја идеја која веднаш можете да ја забележите во нотесот. И повторно секоја идеја на посебна страна како би ги закачиле на таблата.
  6. Повторно одалечете се од проблемот и вршете ги другите работи или едноставно одете во кревет за да преспиете и потоа со одморен мозок повторно навратете се на таблата и белешките за проблемот. Мора да се одморите, односно едноставно да го преспиете проблемот како со свеж мозок би се навратиле на неговото решавање. И повторно кога ќе се навратите продолжете со сите идеи и нивно бележење.
  7. Продолжете се додека не дојдете до креативно решение со кое би биле во целост задоволни. Ништо не значи запирање на процесите во бизнисот (доколку не е застој во производствената линија). Сепак, решавање на повеќето бизнис проблеми кои бараат креативни решенија не мора да се случат веднаш.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*