post

8 Безболни начини да продаваш повеќе на постоечки купувачи

Повеќе купувачи Како еден претприемач секогаш ќе имаш цел да продаваш повеќе на постоечки купувачи.

Понекогаш може да се најдеш во позиција кога нема да знаеш што да направиш. Доколку продолжиш со преголем притисок, ќе ризикуваш да загубиш дел од постоечките купувачи. Од друга страна, доколку не се обидеш да продадеш повеќе, ќе го загубиш бизнисот.

Затоа и понекогаш овие активности може да бидат болни за купувачите.

Решението на проблемот е во вистинскиот баланс на понудите со кои сакаш да продаваш повеќе.

Да разгледаме некои можни начини кои може да ти помогнат за продавање на повеќе на постоечките купувачи, притоа без да ризикуваш губење на дел од нив.

#1 Познавај ги твоите постоечки купувачи

Имаш ли доволно знаење за твоите постоечки купувачи?

Им ги знаеш ли имињата? Знаеш ли кога им е роденден? Знаше ли што сакаат, а што не сакаат?

Ова е само еден мал дел од прашањата за твоите купувачи кои треба да ги знаеш.

Секоја компанија продава нешто. Понатаму, секоја компанија е и во маркетинг бизнисот. Но, како и да е, денес слободно можеме да кажеме и нема да погрешиме, дека секој бизнис е во разузнавачки бизнис. Сакаш да знаеш за твојата конкуренција. Сакаш да знаеш за твоите постоечки и потенцијални купувачи. Ти треба тоа знаење (разузнавање) доколку сакаш да носиш прави одлуки.

#2 Направи неодолива понуда

Основниот закон во бзинисот е дека тие нудат нешто, а купувачите одлучуваат доколку им треба нешто од таа понуда да купат.

Доколку твојата понуда за да продадеш продадеш повеќе на постоечки купувачи е неодолива ќе успееш во твојата намера.

Размисли за тоа од стојалиште на еден купувач. Дали ќе одлучиш да купиш уште нешто доколку тоа нешто има вистинска корист за тебе, ќе реши твој проблем или е нешто што навистина го посакуваш.? Најверојатно нема да ја одбиеш таа понуда.

#3 Ти не си продавач. Ти си едукатор.

Понекогаш е подобро да не се обидуваш да продаваш, туку едноставно да едуцираш за она што го продаваш.

Едуцирај како може да решиш некои други проблеми. Едуцирај како можеш да им помогнеш. Доколку успееш во едуцирање на постоечките купувачи, поголема продажба самата ќе дојде.

#4 Препорачај дополнителни производи или услуги

Зошто да не се обидеш да продадеш дополнителни производи или услуги кога продаваш на постоечки купувач. Нема да изгубиш ништо, ти само препорачуваш.

Но, треба да ги препорачаш вистинските производи за него. Мора да знаеш што би било највредно за нив во моментот кога се во позиција на купување.

#5 Дај им бесплатни примероци од новиот производ

Вака не правиш притисок, едноставно им даваш бесплатни примероци од новите производи кои ќе можат да ги пробаат. Доколку им се допаднат, ќе дојдат да купат уште.

#6 Не заборавај да се заблагодаруваш, почесто

Секогаш заблагодарувај им се на постоечките купувачи. Не е важно дали купиле или не, едноставно заблагодари се. Доколку им покажеш дека тие се важни за тебе, и тие ќе ти заблагодарат на тебе и твојот бизнис.

#7 Биди еден од нив, не аутсајдер

Успехот на бизнисот се базира на степенот на кој еден претприемач може да изгради заедница околу него. Ќе повторам, заедница. Тука не постојат надредени и подредени. Нема победници или губитници.

Една заедница постои заради луѓето, човечки суштества со заеднички вредности и интереси.

Доколку сакаш да продаваш повеќе на постоечки купувачи направи ги дел од твојата заедница, или пак едноставни ти стани дел од нивната заедница. Нема да изгубиш ништо. Само ќе ги зголемиш шансите за успех.

#8 Помогни им, дури и да нема врска со твојот бизнис

Твојот бизнис е таму каде што е само поради тековните купувачи. Доколку не се со тебе, тогаш ќе го изгубиш бизнисот.

Твојата примарна работа е да им помагаш, дури и да помошта не е поврзана со твојот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Би додал дека секогаш треба да се сослушаат и да се разгледаат предлозите на купувачите и корисниците

    • Sutevski says:

      Благодарам на доприносот.

      Тоа е една суштинска тема која треба да биде вкоренета во самите темели на бизнисот.

  2. (без некој да каже дека ова е фалење ама) а седнам да читам на оваа страница(сајт) а заглавам. Многу од работите што се напишани ми се т.р.пројдени, испечени…. но многу работи кои ги пронадов на страницата ги немам употребувано и давам "чесен пионерски" оти ќе ги применам.Иако се сомневам дека дел ќе "упалат"познавајќи го менталитетот на нашиот народ. Но тоа може да даде поттик за надополнување(проширување) на кругот на соработници.
    Драган: а да го склопиш сето напишано во една книга,а?
    Поздрав

    • Sutevski says:

      Благодарам Ване,

      Ќе биде и тоа еден ден. Ќе се склопи во неколку книги. Потребно е да се пополнат сите дупки, бидејќи има уште многу материјал кој прво чека на објавување.

      Поздрав

Speak Your Mind

*