post

8 причини да преземете акција веднаш

Дали сега е вистинското време да го направам тоа и тоа?

Прашање кое често пати се поставува не само од страна на претприемачите, туку и од сите луѓе. Но, и прашање кое честопати доведува до т.н. “претприемачка блокада”, што значи застој, status quo, продолжување со она што е…

Сепак тоа не претставуваат двигатели на еден бизнис, туку едноставно блокирачи на севкупниот претприемачки процес.

Зошто да преземете акција веднаш?

1. Идеи за акции не се секогаш присутни

Точно, идеите за акции не се секогаш присутни во мозокот на еден претприемач, особено добрите акции.

Затоа тие идеи треба веднаш да станат предмет на реализација, особено добрите идеи.

2. Само акцијата ќе ве води напред

Идејата без акција е безвредна. Само акцијата е нешто опипливо, нешто мерливо и нешто што дава резултати.

Доколку сакате идеите во вашиот бизнис да бидат вредни, имплементирајте ги, преземете го вистинскиот чекор.

3. Никогаш нема да биде “вистинското” време

Доколку го чекате “вистинското време”, тоа никогаш нема да стигне. Никогаш не можете да очекувате да се појави идеална ситуација за да преземете нешто. Секогаш нешто ќе недостасува, ќе постои неизвесност, несигурност…

4. Анализите се добри, но честопати водат до блокирање на идните чекори

Добрите анализи не го блокираат процесот на преземање на акции, тие само го поттикнуваат и поддржуваат.

Избегнувајте долги непотребни анализи.

5. Не можете никогаш 100% да ја предвидите иднината

Иднината се однесува на нешто што сеуште не е дојдено и многу тешко се предвидува тоа нешто. Секогаш ќе постојат разлики помеѓу предвидувањето и актуелната ситуација.

Но, иднината можете да ја креирате и измените само доколку ја преземете конкретната акција сега.

6. Ако ја преземете акцијата веднаш, ќе се чувствувате подобро

Чувството за започнување на нешто претставува подобро чувство. Пробајте и ќе видите дека е подобро да имате неуспешна акција отколку status quo ситуација со акција која планирате да ја преземете некогаш.

7. Нема да ја заборавите акцијата која сте сакале да ја преземете

Една предност со преземање на акциите е што нема да ја заборавите и ќе го намалите ризикот од воопшто да не ја преземете соодветната акција.

8. Нема да знаете дали акцијата е добра

Непреземена акција не кажува дали нешто е добро или лошо, дали нешто треба да се промени или пак подобри. Преземете ја акцијата и барем ќе знаете на што сте.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*