post

Анализа на бизнис идеи

Потребно е секоја бизнис идеја да се анализира од аспект на тоа какви деловни (финансиски) резултати ветува. На почеток во игра се наоѓат повеќе идеи. Затоа е потребно да се работи на намалување на листата на идеи кои треба да се разгледуваат една по една и да се отфрли најлошата, која не задоволува одредени критериуми.

#1 Временски аспект

Секоја идеја треба да се анализира од временски аспект.

Прашањата кои треба да се постават се:

  • Колку време треба да се одвои за бизнисот?
  • Колку време треба да помине, па бизнисот да почне да дава резултати?
  • Дали ќе се работи само во слободно време?

Може да се случи почетните планови да се засновуваат на претпоставката дека со бизнисот претприемачот ќе се занимава само во слободно време, a потоа и 24 часа може да се малку. Доколку сака да го задржи постојното работно место, а попладне да ја остварува замислата за бизнис, тогаш ќе се јави преоптоварување и заситување. Идиличната семејна атмосфера, со многу слободно време посветено на жената и децата, е неспојиво со претприемништвото. Има случаи кога претприемачите се одлучуваат, поради преоптовареноста, никогаш да не стапат во брак или се одложува раѓањето на деца, додека претпријатието не стекне посигурна работа. Тешко е да се усогласат интересите на семејството и на бизнисот. Има многу растурени бракови, бидејќи бизнисот бара целосна посветеност, а категорија работно време не постои.

#2 Потребни финансии

Финансиите се најлимитирачкиот фактор. Во секоја бизнис идеја мора да постои преглед за потребните финансиски средства. Потребно е да се види со колку средства располага претприемачот, како и да се испитат сите можности за земање кредити. Уште нешто што мора да го имате во предвид: Секогаш планираните потребни финансии ќе бидат помали од вистински потребните.

#3 Располагање со стручност и деловно искуство

Стручноста и деловното искуство се пожелни во работењето, но може и да го нема, а претпријатието сепак да работи успешно. Доколку претприемачот самиот не е оспособен, мора да обезбеди луѓе кои поседуваат знаења.

#4 Ниво на ризикот

Ризикот се смета како прифатлива категорија и како нешто што постојано ќе го следи бизнисот во иднина. Прво, ти ги инвестираш твоите сопствени пари кои ги поседуваш во моментов во нешто за што со 100% сигурност не знаеш дали ќе донесе пари во иднина. Ова е првиот иницијален ризик кој го превземаш на себе па дури и натвоето потесно семејство (мораш да им ги скратиш нивните потреби во замена за финансирање на бизнис потфатите) како еден претприемач.

Како потребни чекори за реализирање на идејата може да бидат:

  • евидентирање на пазарни потреби и индентификација на соодветни деловни можности;
  • утврдување на потребните ресурси за реализација на одредена деловна идеја;
  • проектирање на финансиска димензија;
  • рангирање на одделни деловни идеи врз основа на личнo преферирање, финансиска исплатливост и ниво на ризик;
  • изборот на бизнис идејата, која ќе биде операционализирана во бизнис план.

Постојат многу луѓе со добра идеја, но бројот на луѓето кои се способни, прибирајќи ги потребните ресурси тие идеи да ги реализират, е помал. Всушност тоа е, и треба да е, главната карактеристика на претприемачите – реализирање на зацртаните идеи.

Доколку се согледа некоја можност за бизнис, мора да се брза со реализацијата, бидејќи, ако конкуренцијата утврди дека идејата е добра, може да дојде до преземање на таа идеја од страна на поагресивни и побогати претприемачи. Можно е и повеќе претприемачи да започнат со ист бизнис, со што ќе се зголеми конкуренцијата, па можноста за успех се намалува.

Со навлегување на повеќе претприемачи во ист бизнис, прозорецот на можности се стеснува и се помалку претприемачи можат да влезат во тој бизнис.

При реализирање на идејата потребно е да се помине влезната бариера (влезниот праг), меѓутоа и излезната бариера е значајна при разгледувањето на идејата за отпочнување и релизирање на идејата.

Ако влезните и излезните бариери се големи, претприемачите потешко ќе се одлучат за отпочнување и реализирање на бизнис идејата.

Влезна бариера може да биде:

  • голема потреба од финансиски средства;
  • незнање, како и немање содветна технологија;
  • непознавање на пазарот;
  • законски пречки.

Излезна бариера може да биде:

  • проблем да се повратат вложените средства од купената технологија, бидејќи новите купувачи немат средства или сакаат да ја откупат опремата по поевтина цена;
  • законодавецот, за да оневозможи отпуштање на вработени, поставува законски пречки, за да се оневозможи излегување од започнатиот бизнис.
About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*