post

КАКО ДО БИЗНИС ИДЕЈА КОЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ВАШИТЕ ВЕШТИНИ?

Како што знаете секој бизнис започнува со бизнис идеја која што доаѓа од мозокот на претприемачот. Колку Вашата бизнис идеја има поголема бизнис потенцијална енергија толку ќе биде поголема бизнис потенцијалната енергија на целиот бизнис. Бизнис идејата е првиот чекор во започнување на бизнис. Но, една работа која може драматично да ја зголемат потенцијалната енергија на Вашата бизнис идеја е таа бизнис идеја да одговара на Вашето знаење и пасија за нешто.
Веќе пишувавме за три чекори во процесот на генерирање на бизнис идеи:

  • Прв чекор: Интеграција на Вашето знаење, пасија и хоби
  • Втор чекор: наоѓање на проблем на пазарот и
  • Трет Чекор: Дефинирање на целен пазар

Доколку го изведете успешно првиот чекор од процесот на креација на бизнис идеја веќе ќе поминете половина пат за да постигнете Вашата бизнис идеј да биде со најголема бизнис потенцијална енергија.

Овој прв чекор интеграција на знаење, пасија и хоби претставува интеграција на Вашите вештини во Вашиот иден бизнис. Што се тоа вештини? Наједноставно кажано вештините претставуват знаење да се извршуваат некои активности или задачи. Но, од каде оваа знаење? Знаењето се стекнува преку пет можни извори на знаење како што се:

  • Знаење од образовниот систем
  • Знаење од дома
  • Вродена интелигенција
  • Знаење стекнато со искуство
  • Знаење од Вашето хоби

Кои се идните поволности

Вашите вештини претставуваат непресушен извор на потенцијална енергија за Вашиот бизнис не само во фазата на започнување туку и во понатамошните фази од животниот циклус на бизнисите. Тие претставуваат Вашата суштинска конкурентска предност за Вашиот бизнис. Можеби во почетните фази на Вашиот бизнис токму вашите Вештини ќе бидат клучни за стекнување на соодветна конкурентска предност. Кога имате вештини за Вашиот бизнис ќе имате моќ да го однесете Вашиот бизнис кон успешноста. Потоа ќе ја сакате Вашата работа со што ќе донесете голем потенцијал во Вас самите како претприемач. Да не заборавиме на заштедите кои ги добивате.
Следниве поволности ќе можете да ги почувствувате со започнување на бизнис кој е креација на бизнис идеја која е во склад со Вашето знаење:

  • Ќе имате знаење за Вашиот бизнис. Доколку имате знаење ќе ги избегнете грешките кои може да бидат опасни за Вашиот бизнис.
  • Доколку имате вештини со кои ќе ги изведувате активностите на Вашиот бизнис тогаш ќе заштедите пари од најмување на луѓе за да се изведат тие активности.
  • Ќе можете да го решите секој проблем кој ќе се појави во Вашиот бизнис.
  • Процесот на донесување на одлуки ќе биде поквалитетен и поефективен.
  • Ќе ја сакате Вашата работа. Ова ќе донесе и среќа во Вашиот живот.
  • Вашата пасија за бизнисот ќе биде на највисоко можно ниво.
  • Вашата работа нема да биде многу стресна.
  • Ќе стекнете конкурентска предност која не може да се имитира.

Процес на добивање на бизнис идеја во согласност со Вашите вештини

Значи вие имате некои вештини стекнати преку едукација, интелигенција, од дома, искуство или пак хобито. Доколку сакате да дојдете до бизнис идеја која ќе биде во согласност со Вашите вештини ќе треба да поминете низ следниов процес на генерирање на бизнис идеи:

  • Анализа на Вашите вештини. Во овој дел ќе треба да си поставите и одговорите неколку прашања. Какви се вештини ги имате? Кои вештини ви се на високо, а кои на ниско ниво? Какво е Вашето образование? Кое е Вашето хоби? Откако ќе ги наведете сите вештини кои ги имате подредете ги од оние со највисоко ниво до оние со најниско ниво
  • Генерирање на бизнис идеи во согласност со тие вештини. Во оваа фаза од овој процес мора да ја кренете креативноста да ви биде на високо ниво. Веќе пишувавме за креативноста во 6 совети за креативност за добра бизнис идеја. Забележувајте ги идеите покрај секоја претходно забележана вештина.
  • Избор на бизнис идеја која е во согласност со повеќето од Вашите вештини. При избор внимавјте да ги изберете идеите кои се во согласност со вештините кои ви се на повисоко ниво.

При овој процес изберте повеќе бизнис идеи бидејќи ова е само првиот чекор од процесот на креација на бизнис идеи. Сеуште ќе треба во идејата да ја внесете пазарната карактеристика на истата – проблем и целен пазар. Но, во секој случај како што напоменавме ова е половина пат до Вашата бизнис идеја со голема потенцијална енергија.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Ivica says

    Имаш ли некоја книга да ми препорачаш?

Speak Your Mind

*