post

Одлична реклама за Dodge Dart

Неверојатно добра реклама која едноставно ме поттикна да пребарувам и дознаам нешто повеќе за автомобилот, односно производот или вредноста презентирана во овие 90-тина секунди. Знаете дека ретко споделувам реклами тука, но на оваа навистина не можев да одолеам, едноставно ме импресионира.

post

Подобрување на вашата да направам листа

Одлична презентација во оваа видео во која зборува David Allen, а објавена од срана на Epipheo за подобрување на вашата да направам листа и ослободување на вашиот мозок за да се фокусирате на најважното за вас.

post

[Видео] Дали ги контролираме нашите сопствени одлуки

Успехот на бизнисот во голем дел ќе се базира на вашите одлуки како еден претприемач. Но, дали сте доволно рационални кога носите важни одлуки за иднината на вашиот бизнис? Погледајте ја оваа TED презентација од Dan Ariely авторот на книгата Predictably Irrational, каде тој ги презентира резултатите од неговото истражување и покажува како не сме доволно рационални кога носиме важни одлуки. Вреди да потрошите 20 минути од вашето време, оваа презентација може да ве промени.

post

[Видео] 4 Нивоа на технологијата

Сведоци сме на многу технолошки иновации во минатото. Што ли само можеме да очекуваме во иднината? се повеќе и повеќе нови технологии ни стануваат достапни. Но, онаа што е важно за вас како еден претприемач е како треба да ја гледате технологијата и кога да го проектирате времето за иновација во вашиот бизнис.

Оваа е одлична TED презентација во која Chris Anderson зборува за 4 нивоа кои технологијата треба да ги помине за да стане навистина потребна. Вреди да потрошите неколку минути додека го пиете вашето кафе, ќе научите многу работи.

post

Инспиративно видео: Реализирање на соништа од детството

Се започнува од нашето детство, нашите соништа без никакви ограничувања во сонувањето.

Се сеќавате кога се беше можно? Кога се качувавме на дрвата без да мислиме дали ќе паднеме? Или кога скокавме од различни висини без да мислиме на последиците?

Оваа е одлично инспиративно видео каде Randy Pausch зборува за неговото искуство и дава совети како да ги постигнете вашите цели и соништа.

Вредно е да потрошите време да го изгледате целото предавање.

post

Инспиративно видео: Никогаш не се откажувај

Никогаш не се откажувај е советот што го давам секогаш и особено на претприемачите.

Не е лесно. Знам, сум поминувал и поминувам. Било и подобро. Знам, и тоа сум го поминал. Но, започнување на еден пат, кој да бидеме искрени не е баш лесен пат и кој е наречен претприемачки пат значи дека враќање назад нема. Успехот не се случува преку ноќ. Потребна е и упорност и истрајност (карактеристки на успешни претприемачи).

Затоа и сакам да го споделам оваа видео во кое се гледа упорноста да се опстои, да се преживее и да не се откаже од основната цел (преживување).

Уживајте, а вашето мислење е добредојдено, преку коментарите подолу.

post

[Видео] Иновација во стилот на “Вруќ ветар”


Не, не, не… Воопшто не ни е потребен таков луксуз.

Мало видое во кое едноставно сакам да го нагласам погрешниот процес во самата иновација. Се однесува на иновација во алкохолни пијалоци кои не опиваат во една од најпопуларните серии во поранешна Југославија.

Но, иновацијата пазарот не ја сака. Сепак, оној кој консумира алкохол сака да се опие. Доколку не сака ќе си пие сок.

post

[Видео] Запомнување со помош на Skitch

Skitch претставува апликација за скицирање како и создавање на сликички на кои можете да скицирате, означувате, забележувате идеи… Од пред извесен период оваа апликација е дел од семејството на Evernote.

Скоро една година како ја користам и веќе стана неизоставен дел од мојата секојдневна работа. Пред некој ден имав потреба да нарачам две парчиња иверици кои треба да бидат поголеми од онаа што го имав растурено. Едноставно за да ги знам димензиите при нарачка направив слика на која ги означив потребните димензии.

Ознаки за Skitch

Продолжи…

post

[Видео] Зголемување на продуктивноста со QuickEver


Продуктивноста, односно зголемување на продуктивноста е важна задача на секој претприемач.

Доколку користите Evernote тука е една апликација за iPhone која едноставно го поедноставува процесот на пишување на белешки.

Погледајте го оваа кратко видео, а очекувајте повеќе вакви видео материјали на се она што ќе ми остави впечаток како корисно.

post

[Видео] Инспиративно – Успех по многу неуспеси

Едно инспиративно видео во кое може да се најдат повеќето претприемачи со еден од најголемите кошаркашкки легенди – Michael Jordan.