post

Дали имате документирани системи за вашиот стартап

Вообичаено идниот претприемач, основач на стартап се обидува со сите средства да дојде до најоптималните процеси кои ќе обезбедат функционирање на стартапот така да обезбеди континуиран раст и развој.

Оваа фаза на започнување на бизнисот бара тестрирање. Го тестирате бизнис моделот, но ги тестирате и системите кои што ги градите во самиот процес. Не заборавајте дека стартап е привремена организација која е во потрага на приспособлив, повторлив и профитабилен бизнис модел, а имплементацијата на бизнис моделот се потпира на системите во стартапот.

Но, често пати во оваа фаза претприемчот не сака да губи време во документирање на системите и смета дека тоа е губење на време. Оваа логика се базира на тоа што сите системи се променливи во оваа фаза. Она со што ќе се започне нема да остане исто утре или задутре.

Сепак, документирање на системите уште во оваа фаза може да биде клучно за успехот на компанијата во иднина.

Зошто да се документираат системите?

Подолу се некои од причини кои би требало да ги разгледате.

  1. Документирани системи обезбедуваат цврста основа за градење на бизнисот.
  2. Системите му помагаат на претприемачот да го повторува успехот.
  3. Системите му помагаат на претприемачот поедноставно да го расте бизнисот.
  4. Системите му помагаат на претприемачот лесно да ги утврди недостатоците.
  5. Системите му помагаат на претприемачот да ги отстрани недостатоците.
  6. Системите обезбедуваат постојаност на испорака на вредноста на купувачите-
  7. Системите обезбедуваат создавање на тим кој најмногу му е потребен на бизнисот.
  8. Системите обезбедуваат лесно да се обучат сите вработени во бизнисот.
  9. Системите лесно се набљудуваат, следат, анализитаат и подобруваат.
  10. Системите обезбедуваат најоптимален тек на информациите и сигурност дека истата ќе биде на вистинско место и во вистинско време на оној на кој ќе му биде потребна.

Ова се само 10 причини за потреба од добро документирани системи. Листата не е конечна и можеме да ја продолжиме со многу други причини. Но, сметам дека се доволни да поттикнат акција кај вас, доколку сте стартап претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*