post

Дали си доволно самокритичен?

Самокритичност Дали си доволно самокритичен?

Ова е веројатно едно од најконтроверзните прашања за претприемачите. Сепак, многу е важно да се знае прашањето и нормално одговорот.

Што мислиш дали си доволно самокритичен како еден претприемач кога станува збор за тебе и за твојот бизнис?

Треба ли и зошто треба да бидеш самокритичен?

Ти не си и неможеш да бидеш секогаш 100% во право. Самокритиката ти укажува кога грешиш а кога си во право. Тоа е потенцијал кој може да го зголеми твоето знаење за самиот себеси, и на таков начин ќе ја зголеми и твојата самодоверба.

Гледаш дека е ужасно тешко да се зборува или пишува за сопствените работи, бидејќи ако тоа нешто било добро, ти си знаеш колку е тоа добро – но ако само кажеш така, се чувствуваш како гомно. ~ Ернест Хемингвеј

Ти си човечко суштество, и можеш да направиш грешки, но ако си самокритичен пред да направиш грешка, тогаш ќе можеш да ја избегнеш. Ова значи дека ќе се подобриш пред да направиш некаква идна грешка.

Носиш стотици или повеќе важни одлуки за твојот бизнис, но како можеш да очекуваш дека сите тие се исправни, ако не си доволно самокритичен?

Самокритиката може да донесе значајни подобрувања во твојот бизнис. Доколку си самокритичен, тогаш знаеш дека ништо не е совршено.

Самокритиката може да ги подобри твојите процеси во донесувањето на одлуки. Ако сите твои бизнис одлуки се критикувани, тогаш ќе застанеш за момент и провериш уште еднаш пред да одлучиш и направиш можна грешка со имплементација на одлуката.

Ако си доволно самокритичен, ќе овозможиш и да бидеш критикуван од другите. Уште поважно е дека ќе очекуваш и ќе ги поттикнуваш критиките кои можат да го подобрат твојот бизнис без разлика од каде доаѓаат.

Најпаметен од сите, според мое мислење, е оној човек кој себеси се нарекува будала најмалку еднаш месечно. ~ Фјодор Достоевски

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*