post

Делегирање за зголемување на продуктивноста

Иницијално планирање на пазарот

Делегирање

Дали сте имале прилика да видите или пак да работите во организација каде секој делегира на секого и секој работи се и сешто, а на крај ништо.

Дали сте имале прилика да видите една задача како се делегира од страна на врвниот менаџмент на сите менаџери од средниот менаџмент? И во една таква ситуација никој не започнува да работи бидејќи мисли дека другиот оддел или сектор ќе ја заврши работата.

Дали сте имале прилика да видите една задача да биде делегирана од страна на врвниот менаџмент кон некој од среден менаџмент иако работата на средниот менаџмент на кој е делегирана таа задача нема врска со задачата?

Ова се само мал (можеби само 1%) дел од активности кои лично сум ги видел во пракса. Но, тие се многу опасни начини на делегирање кои можат една компанија многу да ја чинат.

Што е делегирање?

Како што една организација расте, задачите и обврските стануваат се покомплексни, а во исто време одговорностите помеѓу организациските членови стануваат се послабо дефинирани. Доколку не се превземат соодветни мерки овој раст наместо радост ќе доведе до хаос и брзо плаќање на данокот на брзиот раст за еден претприемач.

Еден лек (витамин) за разрешување на ваквите несакани состојби е делегирањето кое претставува клуч за зголемување на ефикасноста и ефективноста во организацискиот систем како и зголемување на продуктивноста. Од делегирање, односно соодветно делегирање сите ќе имаат полза – и менаџерскиот и неменаџерскиот кадар.

Делегирање претставува доверување на задачи на друга личност при што одговорноста се пренесува само за извршување, додека оној кој делегира останува одговорен воопшто за извршување на задачата пред себе доколку се работи за претприемач или пред врвниот менаџмент доколку станува збор за некој од прволиниско или средно ниво на менаџментот.

Процес на делегирање

Нема да навлегувам во факторите кои влијаат на процесот на успешно делегирање, што ќе биде тема на некој иден пост, туку едноставно би сакал да презентирам еден поедноставен процес на спроведување на делегирањето. Доколку сте претприемач кој веќе има вработени, треба да започнете со практицирање на делегирањето.

Да започнеме со можните чекори.

Чекор 1: Сортирање на задачи кои ќе бидат делегирани

Овој чекор е чекор во кој се спроведува анализа заради класификација на задачите кои може и треба да бидат делегирани. Секако одреден дел на задачи ќе останат под целосна ваша контрола, без разлика дали станува збор за тоа дали сте менаџер или претприемач.

Важно е во овој чекор да дефинирате се што може и треба да биде делегирано.

Чекор 2: Определување кој и што

Во овој чекор едноставно ги определувате луѓето на кои ќе се потпрете за соодветните задачи кои се определени од претходниот чекор за делегирање.

Чекор 3: Дефинирање на задачата

Секоја задача пред да се делегира некому, мора прецизно да биде дефинирана. Не можете да очекувате дека истата ќе биде успешно спроведена доколку задачата е нејасна или слабо дефинирана.

Чекор 4: Пренесување на задачата – делегирање

Во овој чекор вие едноставно го известувате одговорниот за задачата дека тој треба да ја заврши. Овој дел вообичаено се изведува усмено, писмено или пак електронски.

Чекор 5: Следење и поттикнување

Како менаџер, вие ја имате контролната функција, затоа мора да следите како се спроведува задачата и доколку има потреба да поттикнувате или да обезбедите соодветна помош.

Чекор 6: Оценување

Како последен чекор е вашата одговорност да го оцените спроведувањето на задачата која е делегирана. Како таа е извршена? Треба ли да се направат некои промени заради зголемување на ефективноста и ефикасноста во иднина?

Ова се основните 6 чекори за спроведување на делегирање. Доколку имате некое искуство слободно споделете го.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*