post

Дилема на еден претприемач: Дали може да наплаќам повеќе?

Определување на цената на производите и услугите претставува еден од посложените процеси, кои едноставно иницираат чувство на страв кај еден претприемач. Тоа е и нормално, доколку се земе во предвид дека цената е еден од првите инофрмации кои креираат соодветна перцепција кај купувачите за производот или услугата.

Но, стравот воопшто не е потребен и треба да се елиминира. Претприемаштвото како процес бара систематичност, аналитичност и нормално одлучност.

Дали може да наплаќам повеќе? Оваа прашање се појавува кај 99,99% од претприемачи. Комплексно прашање од кое што можеби ќе зависи и иднината на бизнисот.

Колку пари губам? Може ли повеќе? Доволно ли е? Да не е премногу? Што ќе кажат?

Сите овие прашања се нешто што постојано се врткаат во главата на еден претприемач.

Ајде да видиме што би можеле да направите.

#1 Запознај ги твоите купувачи

Првото нешто што треба да го направите, доколку веќе имате купувачи е добро да ги запознаете. Размислете за тоа како се однесуваат со досегашните цени и што е она што тие го сакаат од вашиот бизнис. Доколку е ниска цена единственото нешто посакувано, веројатно ќе имате проблем со понатамошниот избор на стратегија на цени. Ваквите ситуации ќе бараат целосно преразмислување на бизнис основите, нормално доколку сакате да изградите навистина “одржлив” бизнис.

#2 Што е со конкуренцијата?

Кога веќе доволно добро ги познавате купувачите, разгледајте ја конкуренцијата. Размислете на следниве прашања:

  • Која е вредноста која конкурентите ја нудат?
  • Колку наплаќаат за таа вредност?
  • Каков вид на купувачи тие имаат?
  • Каква е споредбата на вашите производи во однос на конкурентските во однос на вредноста и цената?

#3 Вие за што би платиле повеќе?

Знаеме дека производот е основната вредност која се испорачува, но околу производот се наоѓаат повеќе дополнителни вредности кои може да ја зголемат позитивната перцепција за вашиот производ или услуга. Дали вие би платиле повеќе доколку станува збор за подобар квалитет? Што е со испораката и навременоста во испораката? Што е со гаранцијата? Би платиле ли повеќе доколку бидете добро примени од продажниот персонал? Би платиле ли повеќе доколку станува збор за поубаво пакување? Што е со ексклузивноста?

Размислете за овие и секако уште многу други прашања кои може да додат вредност кон основниот производ или услуга.

#4 Анализирај ги купувачите?

Имате ли купувачи кои се жалат за цената? Кои се оние кои не се задоволни со цената, а премолчуваат?

Добро е да направите една скала со купувачи кои не се задоволни и оние кои се задоволни врз основа на цената која ја наплаќаш или би можел да ја наплаќаш во иднина.

На ваков начин ќе можете да извлечете неколку нови сегменти кои со дополнителни анализи на пазарот ќе ви кажат за кои сегменти кои цени одговараат.

#5 Прашај ги купувачите?

Иако овој начин е доста чувствителен начин на прибирање на податоци во однос на цените, сепак во определена форма може да се искористи за добивање на директни информации. Не треба да се разочарате доколку сите одговорат дека сакаат ниска цена, бидејќи во еден купопродажен процес тоа е основата (купувачот се “ценка” за пониска цена, продавачот преговара за повисока цена).

Обидете се во една “интересна” незабележителна форма да поставите прашање во однос на цените.

#6 Тестирајте

Можеби најдобар начин е да тестирате. Постојат многу начини, методи и техники за да тестирате различни цени и нивната прифатливост од страна на купувачите. На пример, можете да користите split тестови на две групи на купувачи со различни цени. Можете да одите со постепено зголемување се додека не забележите дека се намалува продажбата. Во премиум претприемач имаме изработено повеќе алатки и техники кои би можеле да ги користите за оваа цел.

#7 Мерете

Се она што ќе го тестирате мора и да го мерите. Но, мерењето е потребно и без тестирање. Наједноставната логика е доколку не можете да постигнете со продажбата дека цените ви се прениски. Сепак, бидете систематични и одберете ги клучните индикатори кои ќе ги мерите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*