post

ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НАСПРОТИ 80/20 ПРАВИЛО

Што значи да си ефикасен и ефективен претприемач? Како што во неколку артикли на претприемач и на блогов веќе пишувавме, ефикасен и ефективен претприемач претставува претприемач кој ги прави правите работи и тоа на прав начин.

Од друга страна 80/20 правило претставува некое правило кое вели дека 80% од придобивките на некои Ваши активности доаѓаат од само 20% од тие активности. Или поедноставно кажано 80% од профитот доаѓа од 20% на производи или услуги…

Значи за да бидете ефективен (да ги правите правите работи) мора да ги пронајдете тие 20% од активности кои ќе ви донесат 80% придобивки од тие активности, а од друга страна да ги отфрлите останатите 80% од активности кои ви носат само 20% од придобивките. На ваков начин ќе имате повеќе време и енергија да се насочите за поважните работи кои носат успех за Вашиот бизнис.

Но, оваа не е доволно. Ние можеме да ги избереме тие 20% од активностите но доколку не ги изведеме на правиот начин нема да ги постигнеме 80% погодности што ни се нудат. Значи мора да бидеме и ефекасни, односно правите работи да ги изведуваме на прав начин.

На пример да ги разгледаме маркетинг активностите. Вие имате листа на активности кои се однесуваат во однос на маркетингот. Најверојатно водите евиденција на секоја од тие активности во поглед на тоа колку потенцијални потрошувачи сте стекнале со секоја ваша активност. Оние активности кои ви носат 80% од потенцијални потрошувачи ги продолжувате, додека оние останатите ги бришете од листата за наредниот период. Освен тоа што ќе бидете ефективен, на ваков начин и ќе заштедите пари од маркетинг активности кои не даваат резултати.

Така и во сите други погледи на бизнис активностите. ако сте ефективен и ефикасен значи дека го применувате 80/20 правилото и успехот ќе биде загарантиран, бидејќи на ваков начин Вие и Вашиот бизнис ќе стекнете конкурентска предност која не може лесно да се копира.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] со прашањето: Дали доколку седиш до 20:00 значи дека си ефективен и ефикасен? Всушност сакав да прашам дали ги прави правите работи […]

  2. […] работни активности, а кои мора да доведат до ефективност и ефикасност во бизнисот и организацискиот […]

  3. […] 80/20 правило значи дека 20% од активностите прават 80% бизнис успех. […]

Speak Your Mind

*