post

Епизода #05: Учење за бизнис цели во денешни услови [Подкаст]

Оваа е пета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Во оваа епизода зборувам за ”Учење за бизнис цели во денешни услови.” Едно нешто е сосема вистинито, а тоа е дека учиме додека сме живи. Оваа е особено вистинито кога станува збор за претприемништвото бидејќи истото претставува една комплексна дисциплина испреплетена со многу други научни дисциплини, но и практична имплементација на истите во секојдневната работа без да постојат ограничувања за тоа како ќе се примени нешто, дали ќе се прилагоди и како ќе се прилагоди тоа што ќе се имплементира.

Кликни за слушање

Главната цел на оваа епизода од “претприемачки пат” е да ви помогне да креирате сопствен процес на континуирано учење за вас како еден претприемач и тоа преку неколку совети кои ќе ги презентирам.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “Купувачот и неговата моќ која го содржи интересот за себеси”. Тема која ќе навлезе во првата и една од најсилните влијанија на купувачот врз вашиот бизнис. Сите сме себични, но се чини дека единствените кои имаат право да бидат себечни се купувачите, бидејќи едноставно зависите од нив, а и тие се оние кои ви плаќаат. Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата. Прашањата ќе бидат одговорени во следната епизода на подкастот “претприемачки пат”.

Ресурси од оваа епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

  • Вештини како извор на бизнис потенцијална енергија
  • Премиум претприемач

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*