post

Епизода #06: Купувачот и неговата моќ која го содржи интересот за себеси [Подкаст]

Оваа е шеста епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Многу пати пишував на претприемач за купувачот и моќта која ја поседува во своите раце. Таа моќ едноставно постојано се зголемува се повеќе и повеќе. Постојат повеќе видови на моќ кои ги поседува еден купувач, не е само оваа моќ за која зборуваме денес во оваа епизода на “претприемачки пат”.

Кликни за слушање

Купувачот е тој кој ги има парите и точка. Купувачот одлучува што со нив, а првото нешто што му поминува низ глава е кој е мојот интерес. Доколку му го повреди некој интересот, или едноставно забележи дека не му го цени тој некој неговиот интерес, или пак неговиот интерес не е во согласност со деловната политика на тој некој, тогаш тој некој се наоѓа во навистина лоша и опасна позиција.

Завршена продажба не значи и завршена работа од страна на бизнисите, туку само почеток на градење на посилни и подлабоки односи кои ќе гарантираат взаемен интерес, само доколку се излезе во пресрет на интересот на купувачите.

Во оваа епизода презентирам неколку совети кои може да ви помогнат во вашите намери за да излезете во пресрет на интересот на купувачите.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис кои можете да ги спроведете уште денес”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*