audio

Епизода #11: Kако да изградите профил на купувачи

Оваа е единаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да помогнеме во градењето на тој ваш пат, а во оваа епизода ќе зборуваме за креирање на профил на купувачи.

Претприемачки пат

Да се има и да се користи профил на купувачи во секојдневното менаџирање на операциите на вашиот бизнис е повеќе од корисно. Профилот на купувачи обезбедува да ги знаете вашите купувачи, а кога ги знаете многу активности кои ќе ги спроведувате ќе бидат прилагодени согласно тие информации.

Профил на купувачи не значи дека треба да имате отворено евиденција за секој купувач во вашата компанија, иако верувам дека со помош на технологијата која денес ви стои на располагање имате некакви видови на записи за секој ваш купувач во форма на основни податоци за него, онаа што го купувал досега, она што го барал итн. Тука мислам за профил, односно персони на купувачи кои вашиот бизнис ги има и може да бидат од една до неколку во зависоност од тоа колку сегменти од пазарот опслужува вашиот бизнис.

Кликни за слушање на профил на купувачи

Затоа тука ќе зборуваме за креирање на профил на купувачи, што всушност ќе претставува опис на вашиот идеален купувач, без разлика дали се тоа еден, двајца, тројца или повеќе.

Со овој подкаст обезбедувам одговор на три клучни прашања:

  1. Зошто ќе ви треба профил на купувачи?
  2. Што претставува профил на купувачи?
  3. Како да подготвите профил на купувачи? Клучното прашање овој подкаст е токму оваа прашање, а него го обработувам преку одговор на три подпрашања. Првото подпрашање се однесува за идеални купувачи, второто прашање се онднесува на обликот и информациите кои профилот на купувачот треба да ги содржи, третото подпрашање се однесува на извори на информации кои ќе ви требаат за подготовка на профилот на купувачите и како да дојдете до нив и последното, односно четвртото прашање се однесува на континуирано подобрување на профилот на купувачите.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “Отпадоци во бизнисот и справување со истите”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*