post

Епизода #14: Стекнување и користење на влијание

Оваа епизода е четиринаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” која се однесува на стекнување и користење на влијанието за бизнис цели. Секоја недела имаме нова епизода која можете да ја следите.

Претприемачки пат

Како што веќе кажав во најавата за оваа епизода на „претприемачки пат”, ќе зборувам за ”стекнување и користење на влијанието за вашиот бизнис”.

Тема за која сметам дека е навистина потребна во времето во кое што живееме. Зошто? Затоа што едноставно нашето внимание лесно се насочува од една на друга работа, фокусот станува се понестабилен, околу нас е една џунгла во која дивеет разни диви животни, тие креваат врева, не напаѓаат, сакаат да го привлечат нашето внимание… И сето тоа заради огромен износ на информации околу нас, меѓу кои и информации кои стотици па и илјадници компании ни ги испраќаат секојдневно само за да го привлечат нашето внимание.

Оваа е четиринаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода.

Кликни за слушање на епизода за влијание

Прво зборувам за тоа што претставува влијание, па зборувам за шесте принципи на влијание согласно Д-р Роберт Калдини, потоа зборувам малку за внимание, кредибилитет, репутација и доверба, потоа за топлина наместо студенило и на крај што значи да имате влијание, односно како да го искористите влијанието за вашиот бизнис.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема “што е најважно да презентирате за вашата иновативна идеја”. Тема за која сметам дека е интересна и е потребна голема промена на онаа што досега сте го научиле или знаете, особено доколку сакате да ја презентирате надвор од границите на Македонија. Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*