audio

Епизода #15: што е најважно да презентирате за вашата иновативна идеја

Оваа е петнаесетата епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода. Темата за оваа епизода е одговор на прашањето што е што е најважно да презентирате за вашата иновативна идеја.

Претприемачки пат

Во оваа епизода зборувам за нешто многу важно кога станува збор за стартапи или мали бизниси кои имаат идеја, но немаат финансиски ресурси за реализација на истата. Во една таква ситуација бараат начини да убедат потенцијални инвеститори или пак доколку учествуваат на бизнис план натпревар или некоја друга манифестација во стилот стартап викенд, старт бла, стартап блу… за да победат, добијат награда вообичаено финансирана од поголема глобална компанија…

Кликни за слушање

Затоа тука ќе зборувам за бизнис модел и потврда на хипотези, потоа за изводливост на идејата, па за купувачи, трошоци за стекнување на купувачи, животна вредност на купувачи, повраток на инвестиција и менаџмент заради реализација на сето онаа што претходно ќе го опфатите. Сметам дека овие елементи се најважните и во голем дел придонесуваат прашањата кои ги наведов претходно да бидат одговорени на соодветен начин.

Морам да напоменам дека тука нема да зборувам за техниките на презентација, туку ќе зборувам за онаа што треба да содржи вашата презентација. Во секој случај оваа епизода на претприемачки пат освен што ќе ви покаже што треба да содржи презентацијата ќе ви покаже и што треба да правите пред да дојдете до оваа ниво кога зборуваме за презентација. Сепак, вие треба да презентирате досегашни постигнувања, а не онаа што планирате да го правите во иднина.

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема „паметни одлуки при иновирање”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*