post

Епизода #16: Паметни одлуки при иновирање

Оваа е шеснаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода, а во оваа епизода ќе зборувам за ”паметни одлуки при иновирање.”

Претприемачки пат

Сега сигурно ќе се запрашате каков е тој наслов на оваа епизода, особено за паметни одлуки или пак дали одлуките може да се делат на паметни и глупави одлуки. Во секој случај, целта на оваа епизода на претприемачки пат е токму тоа, да разјасни нешто што може да се каже дека претставуваат паметни одлуки, а се останато нормално ќе се најде во останатата група. Сепак тука ќе слушнете за 6 паметни одлуки при иновирање кои ќе ви ќе ви помогнат во креирање на беспрекорен иновациски процес

Кликни за слушање – паметни одлуки за иновирање

А ќе зборувам за некои совети кои ќе ве водат во носење на паметни одлуки во самиот процес на иновирање, а се со цел да успеете да изградите силни системи на кои ќе се потпре и самиот процес, но и вашиот бизнис во целост.

Значи тука ќе ги опфатам следниве совети:

  1. Не ограничувајте се себеси, секогаш може да се иновира и се може да биде предмет на иновација.
  2. Бидете отворени за нови идеи од секаде во вашата организација.
  3. Воопшто не ни започнувајте со процесот без претходно да ги вклучите купувачите.
  4. Базирајте ги одлуките само на цврсти информации.
  5. Инкорпорирајте ја филозофијата за рани неуспеси.
  6. Првпат е секогаш тешко, но вторпат, третпат па се до н-ти пат веќе станува лесно.

Најава за онаа што следува на претприемачки пат

Следниот подкаст од “претприемачки пат” ќе биде на тема “што мора да направите како еден стартап претприемач”, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*