Мора да напоменам дека во оваа епизода на “претприемачки пат” за разлика од досегашните во кои се фокусиравме на привлекување и задоволување на купувачи, во оваа епизода ќе се фокусираме на нешто поразлично, а тоа е да изведете дисквалификација на купувачи што значи како да го отстраните, односно отфрлите потенцијалните купувачи кои не го заслужуваат вашиот фокус.
Кликни за слушање
Преку одговор на неколку прашања ќе навлеземе во овој процес на дисквалификација на поитенцијални купувачи, односно отфрлање на оние кои не ви се потребни. Прашањата за кои зборувам во овој подкаст се:
- Кој е вашиот идеален купувач?
- Дали имаат пари?
- Имаат ли навистина страсна желба и потреба од решавање на проблемот кој вие го решавате?
- Дали се тие оние кои донесуваат одлуки за купување за вашето решение?
- Дали решението кое вие го нудите се наоѓа во нивните планови за блиска иднина?
Интересно е што повеќето претприемачи се обидуваат на ги задоволат сите. А, тоа е невозможно. Па, така тие едноставно се претвораат од некој со огромен потенцијал во нешто во некој просечен како и сите останати на пазарот.
Преку овие прашања едноставно го стеснувате кругот на потенцијални купувачи целиот ваш фокус го ставате на оние кои ќе останат.
Најава за онаа што следува
Следниот подкаст ќе биде на тема “Алатки без кои не можам” во кој ќе зборувам и опишам десет алатки кои едноставно секојдневно се дел од мојот работен процес., Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.
Транскрипт од оваа епизода
Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.
Speak Your Mind