post

ГРАФИКОН НА РЕНТАБИЛНОСТ

За да се остварат максимално поволни резултати на стопанисување, неопходно е континуирано следење на сите релевантни фактори кои влијаат на стопанисувањетo. За таа цел можат да се конструираат месечни графикони на рентабилност. Се разбира дека смислата на конструирањето на ваков графикон, е пред се благовремено преземање на мерки со цел да сите релевантните фактори се насочат во онаа посакувана насока.

2009-07-07_195210

Метод на преломна точка на рентабилитет, како алатка за планирање има предност во однос на другите методи, пред се оти е едноставен и јасен.

За да се изработи преломна точка (break-even point) на рентабилитет, мора да се направат неколку предработи:

  • Трошоците да се поделат на фиксни и варијабилни
  • Да се пресмета вредносна преломна точка на рентабилноста

Иако во литературата е јасно наведено дека варијабилните трошоци се оние трошоци кои се менуваат со промената на обемот на производството, а да фиксните трошоци не се менуваат со промената на обимот на производството во праксата секогаш не е така. Така на пример, иако е економски оправдано да платите на вработените растат со зголемувањето на приходот тоа во пракса не мора да биде случај.

Затоа се препорачува во варијабилни трошоци да се ставаат само оние трошоци кои директно пропорционално се менуваат со промената на обемот на производство како што се:

  • Трошоци на сировини
  • Трошоци на амбалажа
  • Зависни трошоци на набавка

Сите други трошоци се сметаат како фиксни трошоци

Вредносна преломна точка на рентабилност представува онаа ниво на вкупниот приход, кога тој се изедначува со вкупните трошоци и се пресметува на овој начин:

ВРЕДНОСНА ПРЕЛОМНА ТОЧКА НА РЕНТАБИЛНОСТ=ФИКСНИ ТРОШОЦИ/СТАПКА НА КОНТРИБУЦИОНА ДОБИВКА

Контрибуциона добивка представува остаток на приходите кои служат за покривање на фиксните трошоци, и представува разлика помеѓу вкупниот приход и варијабилните трошоци. Стапка на контрибуциона добивка се добива на следен начин:

СТАПКА НА КОНТРИБУЦИОНА ДОБИВКА=КОНТРУБИЦИОНА ДОБИВКА/ВКУПЕН ПРИХОД

Еден практичен пример изработен во MS Excel можете да го симнете тука.

**********************************************************

Овој напис е напишан од Предраг Стојковски директор на компанијата INTRO GROUP ДООЕЛ Битола која се занимава со финансиски консалтинг. http://www.introgroup.co.cc

**********************************************************

Набргу очекувајте видео за тоа како да изработите графикон на рентабилност со помош на MS Excel.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Точката на рентабилност (прагот на рентабилност) е една моногу корисна алатка во делот на финансиските показатели која може многу да Ви помогне при одредувањето на точната позиција во која вашата компанија не работи со загуба, односно почнува да остварува профит!

    Оваа алатка посебно е корисна за почетните бизниси, со што на истите им помага да согледаат колку всушност единици продукт/и (производи или услуги) треба да продадат за одреден временски период, за да дојдат до т.н. „позитивна нула„!

    Кај некои бизниси овој праг на рентабилност е временски поголем, односно на истите ќе им биде потребно повеќе време и поголем обем на продажба за да започнат со правење профит, а кај некои таа полесно и поедноставно се подстигнува… Алатката е корисна како и за самите претприемачи, така и за потенцијалните инвеститори затоа што им овозможува да увидат за колкав временски период еден бизнис станува успешен и колкава количина на продукти истиот треба да продаде за да стане рентабилен!

    За што всушност се работи…

    Најпрвин се одредува продажната цена на производите/услугите … За пример да земеме дека веќе одредената продажната цена на еден производ изнесува 100 денари.

    Потоа ги одредуваме варијабилните трошоци по единица производ, односно колкави ни се вкупните варијабилни трошоци за производство на еден единица производ.

    Пример: Вкупните варијабилни трошоци за еден производ се 80 денари.

    Соодветно на тоа вршиме калкулација на веќе одредената цена од 100 денари и варијабилните трошоци кои изнесуваат 80 денари:
    100 – 80 = 20 денри – бруто добивка по единица производ

    Кога веќе сме ја добиле бруто добивката по единица производ, време е да ги одредиме фиксните трошоци неопходни за одржување на вашиот бизнис.

    Да замеме дека вкупните фиксни трошоци изнесуваат 100.000 денари, на годишно ниво или 8.333 денари месечно (100.000 / 12 месеци)!

    Со што следува пресметката:100.000 /20 = 50. 000 производи

    со која се добива вкупната количина на производи потребна (која што е треба да се произведе и продаде) за да се достигне т.н. точка на рентабилност, односно точката на „позитивна нула“ во која вашата компанија веќе ги подмирила сите потребни трошоци (фиксни и варијабилни) и од каде започнува да работи со профит.

    *Благодарност до г-динот Предраг Стојковски кој беше консултиран и даде свој личен придонес при подготовка на финансискиот дел од книгата „Изработка на Бизнис План – за почетни бизниси“!

  2. admin says

    Благодарам Гого за практично дообјаснување на графиконот на рентабилноста!
    Второ прашање кое следува по оваа анализа е дали пазарот има потреба од 5000 (100.000/25=5000) парчиња на тој производ. Доколку одговорот е ДА се е ОК, но доколку одговорот е НЕ (на пример 4000 парчиња) потребна е дополнителна работа.
    Прво: Варијабилни трошоци – можности за намалување – анализа:
    – подобрување на процесот на производство
    – кратење на сите расфрлања кои не додаваат вредност на производот
    – …
    Со овие активности доколку на пример дојдете до 75 денари варијабилни трошоци работата е завршена (100-75=25 бруто добивка по единица производ). Па, 100.000/25=4000 производи – тоа се можностите на пазарот.
    Второ: Фиксни трошоци успевме да ги намалиме преку соодветна анализа и кратење на се што не додава вредност на производот на 95.000 денари. И со претходните подобрувања преку варијаблини трошоци точката на рентабилност ќе биде: 95.000/25=3800 парчиња.
    А ние можеме да продадеме 4000 парчиња и тоа е веќе можност за профит: 200х25=5000 денари.
    Значи целта на графиконот на рентабилноста е не само да ни каже колку треба да продадеме туку и што да подобриме. Без постојани промени и подобрувања тешко дека било кој бизнис ќе успее во денешни услови на стопанисување.

  3. Потполно точно! Целосно се согласувам со констатацијата на константно намалување на трошоците кои што не додаваат вредност на производите и услугите, како и на перманентното подобрување на истите!

    Точката на рентабилност, всушност и треба да ни ја даде таа слика на моментални параметри на трошоците и продажбата, за да можеме да ги предвидиме и идните насоки и стратегии на производството и продажбата.

    Воедно, сакам да ве пофалам и за новите теми, како и за новиот начин на "feedback" доловен со анкетата… Само продолжете со ова темпо!

    Јас и понатаму ќе земам слобода да ги коментирам темите кои што сметам дека се интересни, и ќе се потрудам да ја проширам веста за блогот дос сите заинтересирани.

Speak Your Mind

*