post

Инкрементални промени во бизнисот

Инкрементални промени

Инкрементални промени

Промените се секојдневни кога станува збор за еден бизнис. Една од класификациите на промените може да биде инкрементални и радикални промени. Зборот инкрементални доаѓа од латинскиот збор incrementum што значи пораст, прираст, растење, напредување. Значи инкременталните организациски промени претставуваат такви промени кои доведуваат до еден константен прираст на ефективноста и ефикасноста на бизнисите, односно доведуваат до константни подобрувања во кратки временски периоди. Ове промени се појавуваат полека во еден релативно подолг временски период, со релативно константна стапка или мали флуктуации во интензитетот. Ваквите мали подобрувања гледани во подолг период може да доведат до доста големи подобрувања во перформансите на организацијата (види слика).

Инкрементални промени - нереално

Инкрементални промени - нереално

Инкрементални промени - реално

Инкрементални промени - реално

Од сликите може да забележиме дека инкременталните промени во пократок временски период не доведуваат до големи подбрувања и тие промени се мали дури и неприменливи. На сликата а) промените се претставени праволиниски што во реалноста не може да биде точно бидејќи постигнатите подобрувања се различни во различни временски интервали како што е прикажано на сликата б).

  • Карактеристично за инкременталните промени е насеоченоста кон постоечките процеси, структури и технологии. Оваа карактеристика е основа за другите карактеристики на овој тип на организациски промени.
  • Втората карактеристика на инкременталните промени е тоа што имаат многу мал ризик од неуспех. Ова е поради фактот што овие промени се иницирани од луѓето на дното на хиерархиската структура и се насочени кон подобрување на тековните процеси како и постоечката структура и технологија.
  • Третата карактеристика на инкременталните промени е мала неизвесност. Затоа кај овој тип на промени отпорот е помал. Бидејќи се работи на подобрување на постоечките елементи на организацијата кои се познати, а познат е и проблемот кој се решава и јасна е визијата за состојбата по изведување на промената, како и фактот што иницијативата е од индивидуалците кои што се среќаваат со тој проблем, веројатноста за отпор кон тие промени е многу мала.

Инкременталните промени може да бидат:

  • Реактивни инкрементални промени кога се реагира на некој проблем кога ќе се појави
  • Проактивни организациски промени кога се решаваат некои идни проблеми кои сеуште не се појавиле но можат да се појават во иднината.

Спрема насоченоста инкременталните промени може да бидат:

  • Технолошки инкрементални промени – промени во технологијата
  • Структурно-процедурални промени – промени во структурата на бизнисот
  • Инкрементални промени насочени кон луѓето
  • Техноструктурни инкрементални промени – промени насочени кон технологијата и луѓето
  • Социо-структурни инкрементални промени – промени насочени кон луѓето и структурата
  • Социо-технолошки инкрементални промени – промени насочени кон луѓето и технологијата
  • Социо-техно-структурни инкрементални промени – промени насочени кон луѓето, технологијата и структурата одеднаш.

Последниов тип на промени во реалноста е најпотребен. Не можеме да правиме промени во едно подрачје без притоа да се променат и другите. На пример со промени во технологијата ќе мора да ги обучиме луѓето (а тоа се промени) и да ја смениме структурата која нема да одговара на новата технологија.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*