post

Интернет Маркетинг Грешки

Како и во секоја друга област така и во интернет маркетингот, се појавуваат грешки на кои се склони токму оние кои го работат тоа. Најчести грешки со кои се соочуваат компаниите се следните:

Интернет маркетинг грешки

  1. Немате назначено почетна страна на сајтот! Страната достигнува глобална публика, а не само на луѓето од нашиот град и со тоа би требало да има назначена почетна страна.
  2. Бавен Loading! Кога народот сурфа од дома на интернет, ако е слаба конекцијата, го напушта трпението.  Не е важно колку е интересна и импресивна веб страната, со сите тие модерни графики, ако на страницата и се потребни повеќе од 10 секунди за да се вчита тогаш се губи трпението на посетителот и се напушта сајтот, и тогаш посетителот оди во посета на друг побрз сајт.
  3. Gee Whiz Технологија!  Само затоа што тоа може да се направи, не значи дека така треба и да биде. Многу од популацијата која сурфа на интернет се нови или пак сурфери на кои им е потребна информација, а не ги засега многу до каде е стигната технологијата.  Еден пример за тоа е линкот кој не е обележан дека  е линк, и тогаш до него одма стои порака која вели: “овој сајт е дизајниран да биде отворен со Browser xxxxxx, Преземете го тука!„ Ако на некој му е потребна некоја информација, а не сака да ја инсталира таа нова програма за отворање на апликации, тогаш веднаш би се откажал од таа веб страна и нормално би посетил нова, помалку комплицирана од оваа.
  4. Тешка навигација!  Ако некој троши време за пребарување на нешто важно и случајно пребарувачот го одведе до вашата страна, тогаш тој не е на почетната страна на сајтот, туку негде во внатрешноста. Треба да се потрудите да постојат линкови кои ќе му овозможат на посетителот полесно да се движи на вашата веб страна со тоа што ќе има врска која секогаш ќе може да го врати “назад„ или да го одведе на почетната страна.
  5. Многу застарени информации!  Не смеете да дозволите вашиот веб сајт да биде преполн со застарени информации. Тој сепак служи за информирање и привлекување на купувачи и како поинаку би ја одиграл својата улога, ако не со секогаш свежи информации.
  6. Немате насоки за движење по сајтот! Посетителите “бараат мапи„ за движење по сајтот, тогаш тие се позадоволни и секогаш би се вратиле пак на истото место.
  7. Не собирате е-маил адреси! Е-пошта, билтени, веб надградби или известувања за претстојните настани на вашиот сајт, посетители кои се регистрирани/претплатени и сл, со нив се добива најквалитетниот маркетинг. Искористете ја секоја прилика да соберете имејл адреси од вашите посетители и притоа со нивна согласност да им праќате рекламни пораки во иднина.  Со тоа ќе ги насочите луѓето кон вашите производи и услуги.
  8. Барање на премногу информации! Не им поставувајте претерано многу прашања на вашите потрошувачи ако сакате да ги заинтересирате да се регистрираат на вашиот сајт за да добиваат редовни информации или да извршуваат купување од вашиот сајт.  Тоа може да произведе само контра ефект. Доволно е да им побарате само имејл адреса и име.

Дополнувања ДШ:

Gee Whiz технологија претставува технологија која ќе овозможи изненадување, воздишување или пак ентузијазам од страна на посетителот на веб страната. Погледенет ја страната на најголемиот продавач на интернетот – Amazon. Дали има премногу графики, флеш анимација или било што друго што има за цел да извлече воздишка од страна на посетителот. Проверете и ќе видите дека воопшто нема да најдете такво нешто. На Amazon има се и сешто, но само не она што тука се нарекува Gee Whiz технологија. Често пати она што предизвикува воздивнување од страна на Вашиот посетител може да доведе и доведува до голем број на негативни ефекти. Ќе наведам два примери:

  • Лоша SEO (Оптимизација за пребарувачи). Иако можете да најдете информација од страна на Google дека тие започнуваат да ги пронаоѓаат овие флеш анимации на веб сраната сепак се далеку од она што треба да биде. Може да биде прочитано само името на таа анимација и она што е ставено како замена (alt). Текст во самиот флеш не! Имам видено многу докази за оваа, а и препораки од страна на едни од најголемите интернет маркетари на чии курсеви сум бил да се избегнуваат при користење.
  • Премногу воздишки на нешто такво го одвлекуваат вниманието на потенцијалниот купувач од она најважното Вашиот производ или Вашата продажна инка.

Како надополнување на некои грешки е и немање на обид да се извлече нешто и од оние посетители кои ја напуштаат Вашата веб страна. Од поновите Browser-и оние скокачки прозорци се оневозможени. Но има технологија која не е во вид на скокачки прозорци и која едноставно при обидот на посетителот со глувчето да одат кон излез од страната се појавува некој вид на One-Time Offer (понуда која важи само доколку нешто превземете во тој момент). Имам прочитано за статистички информации дека просечно околу 40% од продажбата е врз основа на One-Time Offer. Тоа е изгубена продажба претворена во продажба.

Понатаму немање на Upsale е уште една интернет маркетинг грешка. Да му се понуди на купувачот веднаш по купување на еден производ дополнителен производ по поевтина цена доколку го изврши купувањето на дополнителниот производ веднаш. Повторно пример може да ви биде Amazon со другите кои ја купиле таа книга ја купиле и таа, вие можете да ги добиете и двете за специјална цена од толку и толку. Таа цена е поевтина во однос на посебн купување на двете книги. Но, едноставно електронскиот продавач (автомат во вашата веб страна) нуди и повеќето од продажбите на книги на Amazon се извршени на еден таков начин.

Има уште многу можни грешки но навистина овој напис би отишол до бесконечност во должината. Па затоа би прекинал тука, а во некој иден напис малку би продолжил на оваа тема.

*****************************************************************

Овој напис е напишан од Кристина Алексоска – Постдипломец на Економски Институт- Скопје, отсек претприемнишво, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„-Скопје; Користена литература:

Katherine Khalife, Internet Marketing – Nine Common Marketing Mistakes Museum Websites Make, 2001

*****************************************************************

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Фин е написот, ама литература на оваа тема од 2001 едноставно не е дозволиво, во ниту еден случај.

    • Д-р Драган Шутевски says

      Благодарам Дарко.
      Да, забележав дека е постара литература затоа и додадов некои дополненија, а постојат и уште еден куп други грешки кои не можам да ги опфатам тука. Пред некоја вечер учествував на еден вебинар за AdWords за 2010. Колку само промени во стратегија на користење на AdWords ќе има во 2010 за разлика од 2009. Тоа е само еден месец од претходната година.
      Од друга страна во написот (делот со користена литература) се наведени некои грешки кои кога ќе ги погледнеш на бизнис веб страните се постојани. Имам впечаток дека веб страните се дизајнираат за да воздивнува самиот претприемач и неговото потесно семејство, а не со некоја маркетиншка цел или пак зголемување на продажба. Па затоа и сметам дека се сеуште актуелни, иако некаде на друго место биле актуелни во 2001 кога кај нашите претприемачи воопшто не постоеше или постоеше сосема малку свест да одат онлајн. Во секој случај работите почнаа да се менуваат, но сега сме 2010.
      Би се сложил со тебе за застареност не само за ова тема и туку и за било која друга тема.

Speak Your Mind

*