post

Поимник

На оваа страна на блогот ќе имате можност да пронајдете поимник на одредени термини кои се користат во бизнис светот. Странава ќе се ажурира постојано со нови термини како ќе ни текнува за истите. Целта е да Ви помогне при читање на бизнис литература на англиски јазик, а одреден број на речници воопшто не ги содржат.

Ќе се насочиме само на некои понови и поспецифични бизнис термини на англиски јазик.

*******************************************************

A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V X Y Z W

*******************************************************
A

*******************************************************

AdSense – Во основа претставува апликација за рекламирање креирана од google за првпат, но на сличен принцип денес работат и други слични апликации за рекламирање. Оваа апликација овозможува поставување на реклами на Вашиот сајт и Вие ќе заработите доколку некој кликне на таа реклама. Освен кликнувањето наплатата може да биде и по импресија од рекламата. Стандардот на плаќање за еден клик се движи од неколку центи до неколку долари.

***

Affiliate Marketing Претставува посебен вид на маркетинг практика која се користи на интернет преку која еден бизнис (веб страна) станува affiliate (член на affiliate програмот) на вистинскиот продавач и тој affiliate добива награда од продавачот за секој пратен посетител на сајтот кој извршил купување. Овој процес стана бум во последните години и како интернет маркетинг се користи од сите светски познати интернет бизниси. Кај нас некои го нарекуват како мрежен маркетинг, но може да се каже дека претставува само еден вид на мрежен маркетинг.

***

Autoresponder – Аутореспондер или во буквален превод автоматски одговарач претставува компјутерски програм кој се користи автоматски да одговара на e-mail-ови пратени на него. Големо користење најдова во интернет маркетингот или поточно е-маил маркетингот за праќање на меилови до потенцијални потрошувачи.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

B

*******************************************************

Butterfly Effect – Ефектот на пеперутка доаѓа од теорија на хаосот и со најпрости зборови означува дека ситни нешта може да имаат далекусежни последици. На пример, нешто што се случува денес, нешто што правите денес кое може и да не изгледа многу значајно ја менува утрешноста. Овој термин за првпат бил искористен од Edward Lorenz кој вршел симулации за предвидување на времето и кој внел скратен број во децимали при што добил сосема различни предвидувања. Таа разлика во децимали ја нарекол ефект на пеперутка со цел да опише дека доколку пеперутка мрда со крилцата на едно место ќе влијае на временските прилики на друго место. Повеќе детали за ефектот на пеперутка можете да прочитате во ефект на пеперутка и видеото бизнис ефект на пеперутка.

***

Бизнис модел – Бизнис модел опишува како еден бизнис креира, испорачува и стекнува вредност. – Business Model Generation – Alexander Osterwalder & Yves Pigneur.

***

Bounce Rate – Ова е термин кој спаѓа во терминологијата на email маркетинг. Претставува стапка на вратени email-ови до испраќачот кои се карактеризираат со порака од mail системот дека е вратена заради причини како што се непостоечко домен име, преполни инбокс на примателот, непостоечка еmail адреса.

***

BlackList – BlackList (црна листа) е термин кој спаѓа во терминологијата на email маркетинг. Овој збор означува листа која содржи група на IP адреси, кои се осомничени за испраќање на несакани email пораки (спам). Доколку IP адресата од која ги испраќате вашите email пораки како дел од една email маркетинг кампања имаат висока стапка на жалби до интернет сервис провајдери, висока bounce стапка, или голем број на испраќања на стари и непостоечки адреси ќе постои поголема шанса да влезе во оваа несакана листа.

***

Врати се на почеток

*******************************************************

C

*******************************************************

Cross-selling – Претставува продажна техника во која се понудува и друг тип на производ притоа нудејќи некоја понуда која е неодолива за купувачот. На пример, доколку продавате сендвичи, можете да понудите и сок притоа цената доколку ги купуваат како посебни производи ќе биде поскапа. Со оваа техника продавачот се обидува да го извлече максимумот од секоја продажба.

***

Conversion Rate Optimization (CRO) – Оптимизација стапка на конверзија е термин кој станува се попопуларен кај интернет маркетарите и претставува процес на оптимизација на конверзија на одредена кампања. Доколку тоа е email маркетинг кампања CRO има за цел зголемување на продажби од еден испратен еmail. Доколку тоа е страна преку која се продава нешто, претставува процес кој треба да доведе до подобрување (зголемување) на бројот на купувачи во однос на бројот на посетители.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

D

*******************************************************

***

Deliverability – Термин од еmail маркетинг терминологија кој го означува бројот на испратени email-ови намалени за бројот на email-ови класифицирани како bounce.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

E

*******************************************************

E-mail маркетинг – претставува посебна форма на маркетинг, поточно директен маркетинг кој го користи е-mail-от како средство за праќање на пропагандната порака или контакт со потенцијалниот или сегашниот потрошувач. Стандард во светот е да се користат аутореспондери за оваа намена.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

F

*******************************************************
Firesale – Терминов е скован како термин кој опишува продажба на производи оштетени од оган (пожар). Овој термин означува продажба на производи по екстремно големи попусти. Основна цел е да се продадат производите заради банкрот на бизнисот. Но, во поново време особено во интернет бизнисите овој термин најде широка употреба како средство за брзо зголемување на продажбата и остварување на големи приходи. На пример имате производ кој редовно го продавате зе 50$ со firesale го продавате за 10$. Постојат многу случаи кога претприемачот на ваков начин остварува голем приход и тоа за многу краток временски период (до 24 часа).

***

Врати се на почеток
*******************************************************

G

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

H

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

I

*******************************************************

Inbound Marketing – Овој термин се користи да го опише маркетингот кој денеска има најголемо влијание врз потенцијалните потрошувачи. Inbound Marketing едноставно значи да бидете присутен таму каде што Вашите целни потенцијални потрошувачи ќе побараат решение за нивен проблем. За разлика од оној традиционалниот или пак како го нарекуваат Outbound Marketing овој тип на маркетинг не се занимава со притисок и сметање на потенцијалните потрошувачи туку ги остава самите тие на наједноставен начин да дојдат до Вашиот бизнис.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

J

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

K

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

L

*******************************************************

Leads – Ентитети (физички или правни лица) за кои постои веројатност дека имаат интерес да купиваат од бизнисот. Ова се потенцијални потрошувачи или купувачи. Стекнување на потенцијални потрошувачи претставува прва фаза на процесот на продажба. Целта на маркетингот е да воведе колку што може повеќе потенцијални потрошувачи (Leas) во продажната инка на бизнисот. Овие потенцијални потрошувачи (Leads) може да бидат физички лица доколку бизнисот продава на физички лица или пак бизниси доколку бизнисот продава на други бизниси. Повеќе за потенцијални потрошувачи можете да прочитате во продажна инка и подесување на продажна инка.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

M

*******************************************************

Marketing Funnel – Некои продажната инка ја нарекуваат како маркетинг инка или маркетинг тунел. Во суштина претставува исто: процес на трансформација на потенцијални потрошувачи во вистински купувачи. Види повеќе во Sale Funnel.

***

Merchant Accaunt – претставува трговска сметка која овозможува бизнисите да прифаќаат плаќања преку платежните картички (кредитни или дебитни) при продажба на производи и/или услуги. Оваа сметк ги спојува продавачот, банката и компанијата која ги процесира картичките (Mastercard, Visa…). Овој термин има значително користење во интернет бизнисите кои мора да имат ваква сметка преку која ќе можат да вршат наплата за своите производи и/или услуги преку интернет.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

N

*******************************************************

Niche Market – Пазарна ниша претставува еден мал сегмент од вкупниот пазар на кој бизнисот се насочува за да ги продава своите производи и/или услуги. Таа пазарна ниша се разликува од остатокот на пазарот во однос на специфични потреби, цена на производот, демографијата, квалитетот итн. На пример, на пазарот за тектилни производи ниша ќе биде делот од пазарот кој бара висококвалитетни брендирани производи за кои се спремни да платат висока цена. Повеќе за пазарна ниша можете да прочитате тука.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

O

*******************************************************

Outbound Marketing – Ова е нов термин на изразување на традиционалниот маркетинг кој уште Seth Godin го нарекува и Interruption Marketing – Маркетинг со здодевање врз потенцијалните потрошувачи. Се она што го знаеме како маркетинг средства во вид на ТВ, радио, весници, магазини, директна пошта, брошури, флаери итн. спаѓа во овој вид на маркетинг. Спротивен на овој вид на маркетинг кој остава потенцијалните потрошувачи да го најдат Вашиот бизнис кога имаат потреба е Inbound Marketing.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

P

*******************************************************

Pay Per Click – Претставува интернет маркетинг промоција каде оној кој се промовира му плаќа на оној кој го рекламира одредена сума во однос на број на кликнувања на неговата реклама. Како пример на сервис кој обезбедува ваков тип на промоција е Google AdWords. Но, постои можноста и преку социјалните мрежи како Facebook да имате ваква промотивна кампања. Целта е колку што може повеќе луѓе да дојдат до вашата веб страна и со тоа да влезат во Вашата продажна инка.

***

***

Piggy-backing marketing strategy – Преводот е смешен и не сакам да го користам бидејќи не кажува ништо. Но, оваа маркетинг стратегија е навистина моќна и ја користат и се користела од многу бизниси кои доживеале невиден успех. Оваа стратегија значи користење на партнер кој ќе му помогне на бизнисот да изгради кредибилитет и препознатливост на пазарот. Всушност, се е во привлекување на внимание. Вообичаено се најмува некој кој веќе има големо внимание како познати личности и тие се поврзуваат со вашиот бизнис и на таков начин преку нивното внимание Вашиот бизнис доживува брзо внимание од страна на пазарот.

***

Pivot table – Пивот табели претставуваат алатка за сумаризација, сортирање, групирање и броење на податоци кои се наоѓаат во вид на табеларен приказ. Преку пивот табели читањето на огромен број на податоци станува поедноставно. Повеќе детали можете да прочитате во што претставуваат пивот табели и во видеото како да изработите пивот табели.

***

Prospect List – Листа на идни – можни потрошувачи. Ова е листа која што секој бизнис треб да има и да ја води како дел од своите маркетинг и продажни напори. Оваа листа уште се нарекува и листа на потенцијални потрошувачи. Листата може да ја очинуват физички или правни лица во зависност од типот на бизнисот. Ова се лица кои се квалификувани да купуваат производи и/или услуги од бизнисот и врз истите се вршат засилени маркетинг активности за да станат потрошувачи. Повеќе за оваа листа можете да прочитате во листа како маркетинг средство.

***

Претприемничка блокада – Овој израз не е од книгите за претприемништво туку едноставно израз кој јас го користам за да опишам состојба кога претприемачот е безидеен. Оваа состојба е кога претприемачот нема свежи бизнис идеи, не може да најде решение за проблемот, не може да ја избере вистинската одлука итн. Значи претприемничка блокада е кога мозокот на еден претприемач е блокиран.

***

Permission Based Email Marketing – Email маркетинг базиран на дозвола од страна на примачот претставува процес во кој се бара дополнителен чекор (во вид на чекирање на поле, или кликнување на на линк за потврда) од страна на примателот за да имате дозвола да испраќате email-ови на тоа лице.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

Q

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

R

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

S

*******************************************************

Sales Funnel – Продажна инка или продажен тунел. Овој израз претставува начин на визуелизација на продажниот процес. Оваа визуелизација го претставува процесот на движење на потенцијалниот потрошувач до трансформирање на истиот во купувач на производите и/или услугите на бизнисот. Повеќе детали можете да прочитате во продажна инка и како да ја подесите продажната инка.

***

Social Network – Социјални мрежи претставуваат социјални структури кои се составени од физички или правни лица кои имаат некои заеднички интереси. Во последно време се попопуларни социјални мрежи стануват интернет социјални мрежи како Facebook, Twitter, LinkedIn… Социјалните мрежи се интересни за бизнисите и особено за луѓето од маркетинг бидејќи со еден удар можат да ја придобијата целата мрежа која е составена од поќе потенцијални потрошувачи. Повеќе за социјални мрежи можете да прочитате тука.

***

SEO – Search Engine Optimization – Оптимизација на пребарувачите претставува процес на подобрување на сообраќајот кон сајтот преку таканаречен бесплатен сообраќај преку пребарувачите како Google, Yahoo, Live… Оваа оптимизација се занимава со алгоритми на пребарувачите преку кои ќе можете да бидете меѓу првите за одреден термин кога се пребарува преку тие пребарувачи.

Врати се на почеток
*******************************************************

T

*******************************************************

Target Market – Целен пазар е еден дел од пазарот на кој ќе се насочи нашата бизнис. За да дојдеме до целниот пазар потребно е да извршиме сегментација на пазарот во однос на некои карактеристики како што се староста, олот, приходите итн. Повеќе детали за целниот пазар можете да прочитате тука.

***

Врати се на почеток
*******************************************************

U

*******************************************************

Upselling – Претставува продажна техника каде продавачот му нуди на купувачот дополнителни производи како би извршил поголема продажба од тој еден купувач, а со тоа поголем приход и нормално поголем профит. Оваа техника се користи за да се извлече максимумот од секоја продажба. Се изведува со поставување на прашање како: Дали сакате да го направиме Вашиот сендвич турбо?; Купете го и овој производ за да добиете една година бесплатна техничка подршка?

***

Врати се на почеток
*******************************************************

V

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

X

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

Y

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

Z

*******************************************************

***

Врати се на почеток
*******************************************************

W

*******************************************************

Web Hosting – претставува поставување на веб страните на веб сервери на кои ќе бидат складирани и преку кои луѓето на интернет ќе можат да пристапат до тие веб страни. Всушност вие поставувате веб страници во вид на html фајлови или било кои други фајлови кои сакате да бидат достапни на интернетот преку Вашата веб страна. Вообичаено за ова намена се користат специјализирани компании кои го изнајмуваат тој веб простор.

***

Whitelist – Бела листа е термин кој спаѓа во терминологијата на email маркетинг. Овој збор означува листа која содржи група на одобрени IP адреси како испраќачи. Доколку IP адресата од која ги испраќате вашите email пораки како дел од една email маркетинг кампања е означена како whitelist постои поголема веројатност да тој email сервис провајдер ќе ги прифаќа дојдовните email-ови (иако не постои 100% гаранција – постојат и други фактори).

***

Врати се на почеток
*******************************************************