Знаеме дека “да направам” листи може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста. Но, процесот на изработка на “да направам” листа е многу поедноставен отколку да се имплементира самата листа.
Особено е тешко кога досега сте направиле повеќе обиди, сте користеле повеќе алатки за да организирате една таква листа и секако се да завршите. Првиот проблеме што првата таква листа ќе има премногу задачи, бидејќи едноставно се обидувате да исфрлите се од вашиот мозок надвор. Од друга страна, листата се надополнува постојано со нови идеи со нови “да направам” задачи, нови проекти… Сето тоа несредено, без соодветен контекст за имплементација, односно спроведување, без приоритети…
Самото погледнување на една таква полна листа го намалува моралот, а со тоа и вашиот потенцијал да се организирате и започнете со имплементација и расчистување на истата.
Што да направите во една таква ситуација?
Избришете се и заборавете дека сте имале таква листа и започнете од почеток со организирање на нова, попродуктивна листа.
На ваков начин, со повторна изработка и повторно оценување на вашата листа ќе ја зголемите вашата посветеност на истата. При самиот процес на повторно градење на листата следете ги следниве совети:
- Како што ги пишувате новите задачи веднаш размислувајте за нивниот приоритет.
- Како што ги пишувате новите задачи размислете за контекстот, односно одговор на прашањата: кога, каде и со што. Оваа се однесува на секоја задача.
- Користете 5-10 минути секојдневно за преразгледување и подготовка на дневната листа.
- Изберет 5-8 најприоритетни задачи секојдневно се додека не ја рачистите листата, а потоа 3-5 задачи.
- Сите задачи кои не се распоредени за денес нека бидат на друга листа за утре или за некогаш во иднина.
Со рестартирање на вашата “да направам” листа ќе се ослободите од сите непотребни задачи кои ве мачат, а ќе се фокусирате на онаа што е важно за вас и вашиот бизнис.
Како еден претприемач, да бидете попродуктивни е важно за вас. Попродуктивни претприемачи завршуваат повеќе работа, а тоа може да претставува силна конкурентска поредност за вашиот бизнис. Да знаете што треба да направите и да го направите тоа во вистинско време и на вистински начин ќе ве направи попродуктивен претприемач.




Speak Your Mind