post

Изгради го твојот претприемачки фокус

Претприемачите се личности на кои навистина им е потребен поголем фокус.

Но, се чини дека фокусирањето едноставно ни избегнува од рацете, особено во денешно време кога сме опкружени со различни можности за привлекување на нашето внимание.

Како можеме да очекуваме да бидеме пофокусирани, кога нашиот претприемачки живот бара повеќе идеи, повеќе проекти, повеќе задачк и повеќе напори?

Ајде обидете се да се подобрите самите себеси со што ќе обезбедите подобар претприемачки фокус преку следниве совети.

1. Постави работно време

Не е доволно да знаеш дека имаш задачи за твојот бизнис. Ќе треба исто така да знаеш кога треба и кога можеш да работиш на тие задачи.

Интересен е спојот на “треба” и “можеш” кои претставуваат спротивности едно со друго. Но, доколку успеете да ги комбинирате, успехот ќе биде неминовен.

едноставно започнете со поставување на работно време кога работите на нешто важно за вашиот бизнис. Внимавајте да изградите и околина која ќе ви овозможи да работите само на тие важни работи и ништо друго во тоа време.

2. Очистете го вашето работно место

Не можете да бидете фокусирани во вашата претприемачка работа доколку вашето работно место се наоѓа во хаотична ситуација. Таквиот хаос ќе го преземе вашиот фокус настрана од најважната работа како еден претприемач.

Затоа, средете го нередот на вашето работно место, секогаш кога ќе завршите со работата која го направила нередот.

3. Изградете лична одговорност

Најдобар начин за градење на лична одговорност која ќе ве притисне да завршите нешто е да обезбедите јавна најава за она што ќе го работите.

Едноставно кажете што планирате да направите утре на некој друг, или пак напишете на вашиот блог, или пак јавете се на вашиот купувач и кажете му дека утре ќе направите нешто за него…

На таков начин, ќе бидете поодговорен за тоа што треба да направите утре и најверојатно нема да се обидете да избегнете од вашата задача за утре.

4. Што ве попречува да направите нешто

Дали постојат некои фактори на отпор кои едноставно ве оневозможуваат да работите на нешто на што треба да работите.

Доколку постојат некои препреки, елиминирајте ги или во краен случај направете ги ирелевантни за вашиот претприемачки живот.

5. Отстранате ги сите можни одвлекувачи на внимание кои ве дефокусираат

Одвлекувачи на внимание претставуваат највлијателните непријатели на претприемачкиот фокус. Отстранете ги сите од вашиот претприемачки живот, и ќе бидете пофокусирани на вистинската важна работа за вашиот бизнис.

6. Едноставно започнете со работа и подобрувајте го процесот

Се може да изгледа нависта прекрасно кога е на хартија. И, овој текст што го читате е прекрасен, но без првиот чекор, без вистинско започнување со работа, нема да знаете дали нешто е добро или лошо во вистинска смисла на зборот.

Едноставно започнете со работа и подобрувајте ги вашите работни навики и вашето опкружување и вашиот претприемачки фокус ќе дојде.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*