post

Извори на организациски промени: Навремено откривање

Навремено откривање на извори на организациски проемни

Навремено откривање на извори на организациски проемни

Изворите (причини, сили или фактори) на организациските промени се основа за секоја организациска промена. Промените се постојани. Малите бизниси се тие кои се доста прилагодливи и тоа е главната предност на малите бизниси во однос на големите компании. Но, секоја промена е последица на некое дејствие. Тоа дејствие претставуваат изворите на организациските промени и тоа дејствие ви дава сигнал дека нешто мора да менувате во вашето работење. Дали е тоа намалена продажба како внатрешен фактор или тоа е законска регулатива како политички извор од надворешни извори на организациски промени вие како претприемач мора да преземете соодветна акција – промена.

Можете да прочитате за извори на организациски промени каде што се обработени внатрешните и надворешните извори на промените, односно основните извори на организациски промени. Но, сепак постои прашање дали изворите на организациските промени се значајни за претприемачите? Претприемачите кои не ги следат изворите на организациски промени нема уште долго време да бидат претприемачи.

Еве некои причини заради кои се значајни изворите на организациските промени за претприемачите:

  • Кога се знаат изворите (причини) за организациските промени, претприемачите поедноставно ќе можат да го испланираат процесост на промените.
  • Бидејќи организациските промени претставуваат решение на некој проблем, така изворот на организациските промени го расветлува проблемот кој треба да се реши
  • Познавањето на изворите на организациските промени дава одговор на тоа кога организацијата треба да се менува
  • Изворите на организациските промени не дозволуваат фирмата да влезе во зимски сон, туку ја одржуваат будна за да може соодветно да реагира на сите тие сили кои бараат промени
  • Надворешните и внатрешните извори на промени ја одржуваат фирмата во рамнотежа со околината.

Значајнста на навремено откривање на изворите на организациските промени ја прикажува Peter Senge во неговото дело Пета дисциплина (The Fifth Discipline: The art and practice of the learning organization). Тој ненавременото откривање на изворите (причините) на организациските промени го споредува со парабола на „варена жаба“. Senge опишува дека кога жаба ќе ставиме во врела вода таа веднаш ќе се обиде да излезе од садот во кој се наоѓа водата, но доколку во садот има вода со собна температура, жабата ќе остане во садот. Ако постепено ја зголемуваме температурата на водата на 20 до 25 оC жабата нема да реагира и дури ќе покажува знаци на задоволство и удобност. Со понатамошно покачување на температурата, на жабата ќе и биде се потопло и потопло, но нема да реагира се додека веќе не биде во состојба да реагира и ќе се свари. Senge вели дека ова се случува заради тоа што жабата има внатрешен детектор на закани кој е подесен на ненадејни крупни проблеми. Слично може да се случи и со бизнисите (организациските системи) кои постојано се наоѓаат под одредено влијание на околината. Доколку во околината се случат крупни проблеми претприемачот ќе возврати со организациски промени со кои ќе избегне да тие промени во околината влијаат негативно на работењето на неговиот бизнис. Но, доколку промените во околината се постепени и постојани, претрпиемачот нема да одговори на истите закани се додека не сфатат дека веќе е предоцна да се стори нешто за опстанок.

Да земеме еден пример. Доколку приходот на бизнисот се намали за 100 денари во просек дневно, претприемачот нема да примети се додека не свати дека на крајот на годината е 30.000 денари во загуба, па потоа да презема мерки кои можеби ќе бидат предоцнети. Но доколку прометот му се намали за неколку илјади денари секако дека ќе забележи и ќе размислува што е тоа за вакво движење и ќе бара решение и ќе имплементира решение кое ќе го подобри работењето на бизнисот.

Внимавајте на изворите на организациските промени како на внатрешните така и на надворешните, како и на крупните така и на ситните. Токму ова може да биде клуч за вашата конкурентска предност. Следете се што се случува и во внатрешноста и во надворешноста од границите на вашиот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Чекор 25: Идентификувај ги сите можни извори на промени […]

Speak Your Mind

*