post

Како да ги надминете сите слабости кои ги имате како претприемач

Слабости се постојано присутни кај сите претприемачи и еден факт е дека тие никогаш нема да може во целост или 100% да се надминат.

слабости

Но, тоа не значи дека треба да се откажеме од подобрување.

Веќе пишував дека совршенство во се тешко може да се постигне, па затоа и го нарекувам како „несовршено совршенство”. Но, повторно вашата задача како еден претприемач е постојано да барате начини и да преземате соодветни акции за да бидете блиску до тоа „несовршено совршенство”. Еден начин е да работите на надминување на вашите слабости кои претставуваат препрека за совршенството кое сакате да го постигнете.

Ајде да видиме што можете да направите на овој план како еден претприемач.

1. Работете на откривање на вашите слабости

Морате да работите на откривање на вашите слабости, тоа е факт. Едноставно ако не знаете дека имате некоја слабост нема никогаш ни да преземете нешто во однос на неа.

Секогаш предлагам систематски пристап кога станува збор за откривање на сопствени слабости и тоа преку два начина:

  • Сопствено самооценување. Едноставно постојано следете го вашиот прогрес, вашите резултати во сите важни подрачја кога станува збор за вашиот бизнис. На таков начин ќе можете лесно да видите кои се вашите слабости кои директно влијаат на вашите перформанси, односно на вашиот учинок.
  • Оценување од страна на други. Втор начин е да користите туѓо мислење во однос на вас и вашите слабости. Што мислат за вас вашите вработени? Што мислат за вас купувачите? Што мислат пријателите, семејството, други луѓе… Целта е да ги избегнете можностите за субјективизам.

2. Одржувајте листа на слабости на кои треба да работите

Откривање дека имате слабости не е доволно за да се надминат истите. Откривање е само почеток на вашиот ангажман за работа околу надминување на тие слабости.

За да можете да продолжите со следните активности морате да имате еднампостојано ажурирана листа која ќе ве потсетува кои се вашите слабости. Едноставно и самата листа ќе ви каже да не ги повторувате грешките кога едноставно би ги повториле а кои се резултат на специфична слабост која до сега сте ја поседувале.

На таков начин една листа, која постоајно е пред вас кога работите на вашите претприемачки задачи може голем дел од слабостите да ги надмине интегрирајќи еден сосема нов сет на навики со кои тие слабости нема да предизвикуваат повеќе штета.

3. Прифатете дека имате слабости

Со креирање на листа веќе сте го направиле првиот чекор во прифаќање дека имате слабости, но сепак често пати како човечки суштества сакаме да ги избегнуваме фактите за определени слабости и воопшто да не ги ставиме истите на листата со слабости.

Затоа бидете објективен, прифатете ги сите слабости кои ќе ги откриете. Оваа не значи дека веднаш ќе мора да ги отстраните сите нив, но значи дека сте свесен за нивно постоење и дека во некоја блиска иднина и тие ќе дојдат на ред за надминување.

4. Приоритизирајте

Ако дојдете до една поголема листа на слабости нема да можете одеднаш да работите на сите нив за целосно нивно надминување. Затоа ќе мора да приоритизирате. Еве некои прашања кои ќе ви помогнат:

  • Кои слабости се најштетни за мојата компанија?
  • Кои слабости се најтешки за надминување?
  • Кои слабости се најштетни и најтешки за надминување?

5. Фатете се за работа

И секако фатете се за работа започнувајќи од најриоритетната слабост. Запомнете во најголем број на случаи слабостите се резултат на лоши навики и вашата задача ќе биде да инсталирате сосема нови навики кои во иднина ќе ги практицирате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*