post

Како да ги зголемиш цените без да ги изгубиш потрошувачите?

Грешки при определување на цени Минатата недела зборувавме за 4 начини за зголемување на цените. Во тој пост опишавме 4 различни техники за зголемување на цените кои се базираат на различни ситуации како причина за тој чекор.

Но, вистинскиот проблем кога станува збор за зголемување на цените претставува перцепција на потрошувачите. Не постои претприемач кој не се прашал себеси следново прашање: Каква ќе биде реакција на купувачите кога ќе ги зголемам цените?

Дали потрошувачите ќе продолжат да купуваат во иста количина како и пред зголемувањето на цените?

Да разгледаме некои можности кои ти како еден претприемач можеш да ги користиш за да го амортизираш влијанието на зголемувањето на цените врз тековните купувачи.

#1 Може да додадеш дополнителна вредност во понудата

Една од првите рабори кои можеш да ги направиш е да додадеш вредност на самата понуда. Може да додадеш дополнителни карактеристики, нови корисности, дополнителни сервисни елементи, бонуси, гаранција, испорака…

Логиката зад ова е доколку додадеш дополнителна вредност на твојата основна понуда за која сакаш да ја зголемиш цената, може да се види како фер компензација за повисоката цена која ќе ја побараш за твоите производи или услуги. На таков начин, потрошувачите ќе го ценат тоа, бидејќи ќе добијат поголема вредност која на друг начин ќе им заштеди.

Кога и да помислиш за зголемување на цената обиди се да најдеш дополнителни елементи кои како вредност ќе ги закачиш на понудата.

#2 Подобри ја понудата

Втората работа која може да ја направиш во намалување на влијанието на зголемувањето на цената врз твоите купувачи е да ја подобриш понудата за која ќе бараш дополнителен износ на пари.

Еден дел е подобрување на содржината на понудата, твоите производи или услуги и се она што е изградено околу твоите производи или услуги. Ова е нешто што го правиш при додавање на дополнителна вредност во твојата понуда.

Втората работа е да ја подобриш понудата за да ја направиш навистина неодолива за твоите купувачи. Неодолива понуда не поставува прашања за цена од перспектива на еден потрошувач. Таа едноставно е неодолива. Може да прочиташ повеќе во 26 начини до неодолива понуда.

Кога размислуваш за подобрување на твојата понуда размислувај за подобрување на корисностите. Размислувај за подобрување на проблемите кои твојот бизнис ги решава и начинот на кој ги презентираш тие решенија и ги комуницираш со нив. Размислувај за вистинските желби на твоите потрошувачи. Размисли за тоа како да ги активираш емоционалните поттикнувачи во твојата понуда. Размислувај за подобрувања на твојот повик за акција и социјалниот доказ како дел од твојата севкупна понуда.

Тоа се елементи кои имаат голем потенцијал за амортизација на влијанието на зголемувањето на цените во очите на потрошувачите.

#3 Биди искрен

Последната работа е да бидеш искрен со потрошувачите. Ова значи искрено објаснување за тоа зошто си принуден на зголемување на цените.

Запомни дека искреноста е важен елемент кој доведува до зголемување на кредибилитетот, репутацијата и довербата (за што како посебни чекори во таа насока изработивме упатство како дел од првиот вебинар на премиум претприемач). Ова претставува голем дел од твојата бизнис потенцијална енергија.

Доколку потрошувачите можат да ги разберат твоите намери, ќе разберат и зошто мора да ги зголемиш и цените, и доколку тие се задоволни со твојот бизнис досега, ќе продолжат и да купуваат од тебе и понатаму.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*