post

Како да го имплементираш твојот маркетинг план за 2012?

Маркетинг план Веројатно веќе имаш маркетинг план за оваа година и веројатно веќе започна со неговата имплементација.

Facebook реклами, бизнис картички, летоци, радио, Google Adwords, блогирање за бизнис, социјални медиуми…. Уф, уф, уф… И уште стотици, ако не илјадници можности за испраќање на твојата порака.

Маркетинг план претставува блупринт за комуникација на пораките за твоите производи и услуги со купувачите,  односно детален патоказ кој ги опфаќа твоите маркетинг стратегии, тактики, активности, трошоци и проектирани резултати во однос на временскиот период за кој се однесуваат сите твои маркетинг активности.

Доколку не читате од поодамна можеби веќе имате маркетинг план согласно 5 прашања и една табела:

  • Кој е целниот пазар?
  • Кои цели треба да ги исполни маркетингот воопшто?
  • Какви се маркетинг стратегии?
  • Кои маркетинг тактики ќе користиме?
  • Што треба да преземеме за да се исполнат целите?

И секако ја имате убаво дизајнираната табела како следнава:

Маркетинг план - табела

Сето тоа на хартија е одлично, но треба да се имплементира и крајот на годината, доколку планот се однесува за оваа 2012 година ќе каже што сме постигнале или не. Од друга страна оваа табела е премногу едноставна и фокусот и е да се имплементира се што е планирано без да навлегува во ефикасноста и ефективноста на самата имплементација и резултатите. Иако табелава е добиена преку основните – целниот пазар и целите на маркетингот кои се вклопуваат во бизнис целите, сепак еден поглед не покажува која е целта и особено што треба да се постигне со имплементација на соодветна тактика или активност. Затоа и би требало да се дополни со:

  • Треба да се оствари…
  • Се остварило…

Ова значи дека ако тактиката е зголемување на оналјн присутноста на бизнисот треба да се изберат и мерни индикатори кои ќе овозможат да знаеме како одиме со постигнувањата од имплементацијата. Не е се во имплементација. Имплементација без реализација на поставените цели не е добра имплементација, тоа е губење на време.

Што ти како еден претприемач треба да направиш за да го имплементираш твојот маркетинг план во 2012, но со резултати?

#1 Дефинирај ги остварувањата во бројки

Секоја цел преточи ја во бројки. Од таквата цел за секоја тактика дефинирај остварувања во бројки. На пример, целта е зголемување на онлајн присутноста на бизнисот за 30% од претходната година. Имаме повеќе тактики, но за примерот ќе ја земеме блогирање за бизнис при што би изгледало нешто вака:

  • Подобрување на квалитет и квантитет на содржината на бизнис блогот за 30%.

Активностите ќе бидат:

  • Имплементација на календар за содржина (издавачки календар),
  • Неделно наместо 3 по 4 наслови ќе бидат објавувани,
  • Секој квартал по една e-книга,
  • Секој месец по едно видео за користење на нашите производи,

Сега бидејќи тактиката ние таква која има и квантитет и квалитет потребно е да дадеме и квантитаивни и квалитативни мерки. Квантитаивни е лесно бидејќи едноставно, ако минатата година на пример сме имале 100 наслови, оваа година ќе имаме 130 во планот. Можеби проблемот е квалитет и дефинирање на бројките бидејќи не сме ние тие кои одлучуваме. Но, едно е јасно. Не постои нешто што не може да се измери. Така да можеме да ги дефинираме индикаторите кои едноставно ќе ни дадат слика за квалитетот на нашите маркетинг активности. (Подетално ќе одиме во мерење и методологии и техники за мерење во наредните постови оваа година како дел од теорија на бизнис идеја). На пример, квалитетот ќе биде презентиран како функција од некој од следниве индикатори (сепак за вас ќе зависат од продажната инка и системот за генерирање на потенцијални купувачи):

  • X посети во 2012
  • Y коментари во 2012
  • Z регистрации
  • W нарачки
  • A реализирани продажби

#2 Знаеш што треба да се оствари и знаеш каде си?

Бидејќи знаеш што треба да се оствари и знаеш каде си со реализацијата во моментов може едноставно да провериш дали бројките кои се реализираат ветуваат реализација на поставените цели.

Едноставни математички операции ќе ти кажат каде имплементацијата е ОК, а каде не е добра и бара интервенција за да се подобри. Ова второто може да бара и промена на планот. Но, ништо страшно, планот не е статички елемент кој не се менува.

#3 Не заборавај да мериш?

Знам дека понекогаш е тешко да се мери, но бидејќи твојот план содржи бројки, а резултатите од досегашните постигнувања повторно се во истите бројки едноставно е да мериш и да споредуваш. Но, целта на ова мерење и споредување е да ги пополниш дупките кои секогаш ќе постојат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Samo sto go posetiv vasiot sajt i navistina mi se dopadna…se zacleniv i vednas dobiv informacii set me zagolickaa i mi otvaraat novi horizonti i nasoki zatoa kako da go unapredam svoeto znaenje i pritoa da go podobram rakovodenjeto na kompanijata…..

  2. Sutevski says:

    Благодарам Мики, се обидуваме да ја оствариме зацртаната мисија од пред повеќе од 3 години.

  3. se gleda deka imate ogromno znaenje i nesebicno go delite so site…
    Site trba da vi se blagodarni 🙂
    Dali organizirateobuki treninzi odnosno dali nudite i konsalting uslugi i treninzi i na firmi za svoite problemi i potrebi

    • Sutevski says:

      Да, нудиме разни консултантски услуги http://www.sutevski.mk/uslugi/ како и подготовка на материјали за обука и зголемување на бизнис потенцијална енергија. Тоа е во делот на персонализација.

  4. Zdravo g-din Shutevski, redovno gi sledam vashite objaveni tekstovi, posebno za marketing plan,.Me interesira dali imate prasalnik struktuiran za toa kolku kompaniite vo makedonija koristat marketing plan, koj bi mozela da go razgledam? Sakam da napravam istrazuvanje posebno vo osiguritelnata industrija, dali koristat marketing plan i od koj tip, dali so tradicionalnite 4p elementi ili so novite 7 p . Bi mi izlegle vo presret dokolku vidam na koj nacin da go podgotvam.Pozdrav…

    • Sutevski says:

      Здраво Сани,

      Спремен прашалник немам. Затоа што секое истражување е специфично согласно целите кои треба да се остварат.

      Но, едноставно врз основа на она што сакаш да го анализираш и врз основа на целта на твоето истражување подготви еден или пак ако одиш со интервју во осигурителните компании подготви се за она што треба да го поставиш како прашање. Може да користиш и онлајн алатки како mailchimp или google apps каде може да подготвиш анкетен прашалник кој може да го пратиш на лицата во компаниите како избран примерок. Тие може да те водат низ постапката на креирање на прашалникот. Добро би било да опфатиш:

      – општи прашања за компанијата (име на компанија, седиште, приходи…)
      – нешто за лицето кое ги дава одговорите (позиција, години во компанија…)
      – конкретни прашања во однос на маркетинг план (дали користат, каков тип користат – изборно со наведени типови, на кој период го подготвуваат, како го ажурираат…)

Speak Your Mind

*