post

Како да ја предвидите иднината?

Се попопуларно работно место може да се забележи и во малите и во големите бизниси. Во големите станува хит позиција, додека малите ја комбинираат со тековната работна сила.

Оваа позиција се нарекува бизнис аналитичар.

Задачата на еден бизнис аналитичар е да ја предвиди иднината. Во почетните фази, се додека бизнисот не се стабилизира, во најголем број на случаи оваа позиција е длабоко вкоренета во претприемачот.

Но, задачата за да се предвиди иднината не е лесна, ниту за претприемачот, ниту за било кој експерт најмен однадвор или пак „фул-тајм” вработен во бизнисот.

Една карактеристика на секој бизнис претставува неизвесноста. Тогаш, како може да биде задачата лесна да се предвиди иднината доколку најсилната карактеристика на бизнисите е неизвесноста? Предвидување на иднината по дифолт претставува намалување на неизвесноста.

Но, сепак многу елементи од иднинта би можеле да се претпостават доколку се знае што се сака и што треба како најважно да се следи и предвидува. Понекогаш не е потребно да имате 100% прецизност за да знаете што може да се случува во индустријата и што ќе треба виде како еден претприемач да преземете за подобро дочекување на таа иднина. Доволен е еден тренд, еден мал индикатор, еден во тој момент можеби воопшто неважен збор, а сепак да ве наведе на вистинската насока.

Подолу е презентиран еден поедноставен процес кој би можеле да го следите, но морам да напоменам дека иако изгледа едноставен, сепак самиот процес не е лесен.

1. Што треба да следите за да ја предвидите иднината?

Сигурно постојат повеќе елементи кои ќе го заслужуваат вашиот фокус за да бидат следени, а кои ќе бидат доволни за предвидување на иднината.

Вообичаено, тоа се трендови во индустријата, купувачите и нивното однесување, конкуренцијата и нивното однесување…

2. Каде се податоците?

Второто нешто за што ќе треба да одлучите е каде се наоѓаат податоците за да го следите она што треба да го следите.

На пример, од каде ќе прибирате податоци за купувачите? Дали се тоа податоци од социјални медиуми, или пак од официјални податоци од статистика?

3. Како да се соберат тие податоци?

Кога веќе знаете каде се податоците и што треба да следите, време е да донесете одлука за тоа како ќе ги собирате тие информации.

4. Како да се обработат тие податоци?

Веќе знаете што треба да следите, каде се податоците и како да ги собирате истите. Но, соберени податоци не значи дека се корисни податоци.

Во голем број на случаи во зависност од системот за собирање кој го користите (јас вообичаено сакам да имам пункст за собирање на се и сешто, а потоа да се автоматизира таа класификација) можете да имате и „глупости” или некорисни податоци. Но, при обработка на податоците и невредни податоци стануваат можат да додадат вредност на крајниот заклучок (знаење).

5. Како да се извлече знаењето од тие податоци?

Во секој податок, дури и најневажниот може да се крие одредено знаење кое во комбинација со останатите податоци ќе креира навистина вредност за вас и вашиот бизнис.

Различна форма на податоци и различни извори на податоци ќе креираат различно знаење за вашиот бизнис. Мора да одлучите во каква форма ќе биде презентирано тоа знаење, како најлесно би се искорстило.

7. Имплементирајте го знаењето во секојдневното работење.

Секое знаење треба да се имплементира, да стане стандард во работењето на бизнисот. Доколку не го имплементирате овој чекор, сите претходни напори ќе бидат непотребни.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*